Краткиот видео документарец за скопската музичка сцена беше снимен во септември и октомври, 2020 година. Монтажата е на Милан Блажевски!

Објавил: admin@magazin | 15 ноември, 2020 15:09

Скопската музичка сцена е дел од програмата на фестивалот Le Guess Who!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Како резултат на светската пандемија, Le Guess Who? фестивалот од Утрехт, Холандија, се адаптираше во 2020 година да биде домаќин на новиот хибриден настан – ON/OFF, дводелна програма за меѓународни и локални посетители.

LGW ON започна свој сопствен ТВ канал на 13 ноември, со што го лансираше „Извештаи од други континенти“ во кои луѓето од целиот свет споделуваат видеоизвештаи за теми како што се уметност, култура и музика од своите заедници, направени специјално за и по нарачка на Le Guess Who?

„Извештаи од други континенти“ е платформа на која луѓето ја раскажуваат својата приказна. Типично, Le Guess Who? би ги споделиле овие видови посебни светски музички традиции и културни случувања преку концерти и изведувачи; но бидејќи не беше можно оваа година, решиле да посегнат до неверојатната и обемна мрежа од уметници, музичари, креативци и нивни претставници со кои работеле низ годините за да најдат приказни од нивните локални заедници што треба да се споделат со светот.

Викендов споделуваат извештаи од 20 различни локации, меѓу кои и Скопје.

На 15 ноември (недела), со почеток од 18 часот на официјалниот вебсајт на #LGW ќе биде презентиран македонскиот документарец Астрокултура, во режија на Ѓорѓи Јаневски.

Краткиот видео документарец за скопската музичка сцена беше снимен во септември и октомври, 2020 година. Монтажата е на Милан Блажевски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.