Инфектолозите од Прилеп се пожалија и на тоа дека немаат доволно персонал, а нема ниту доволно кревети. Капацитетот на одделението бил само 30 легла од кои веќе биле исполнети 23, од кои 10 пациенти биле на кислородна поддршка. Исто така инфектолозите бараат поврзување на одделението со централниот довод на кислород, бидејќи објектот на инфективното не е во главната болничка зграда.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 септември, 2020 17:53

Скопските клиники не примале возрасни Ковид пациенти од прилепската болница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поради исполнетост на капацитетите клиниките во Скопје веќе не ги примаат повозрасните пациенти заболени од Ковид 19, место се чувало само за помладите заболени од корона вирус на кои им треба хоспитализација. Ова вчера за Сител го истакнаа прилепските инфектолози на состанокот на кризниот штаб во Прилеп, кој пак се одржа поради тоа што бројот на заболени лица од корона вирус во Прилеп рапидно расте.

Инфектолозите од Прилеп се пожалија и на тоа дека немаат доволно персонал, а нема ниту доволно кревети. Капацитетот на одделението бил само 30 легла од кои веќе биле исполнети 23, од кои 10 пациенти биле на кислородна поддршка. Исто така инфектолозите бараат поврзување на одделението со централниот довод на кислород, бидејќи објектот на инфективното не е во главната болничка зграда.

„Значи не ни ги примаат во Скопје ниту потешките и оние со многу коморбидитети и затоа се најдуваме во една незавидна ситуација во однос на лекувањето. Тешките пациенти треба да ги праќаме на Инфективна клиника, меѓутоа тие не ги примаат затоа што и тие се преполни. И тие имаат преполни капацитети и тешките пациенти остануваат да бидат третирани кај нас. Не ни ги примаат на некој начин за да остават место за помлад пациент. Немаме респиратор, но и на Инфективна клиника и секаде на друго место престанаа да ги ставаат на респиратор. Имаат некои други сип-ап маски, кои ние ги немаме, а тие ги имаат, така да обично ни ги примаат само помладите пациенти. Ни треба персонал кој што не можеме да го најдеме. Во оваа ситуација кога имаме зголемен број на позитивни и зголемен број на хоспитализирани, нормално дека треба повеќе персонал, кој тешко се најдува“, истакна Мирјана Крстеска, раководител на инфективно одделение Прилеп за Сител.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...