
Македонија
Вести
По катастрофалниот земјотрес кој вчера ја погоди Албанија на помош се упати против пожарната бригада на град Скопје. Денеска тие на својот официјален Фејсбук профил споделија фотографии од ужасната слика која остана по земјотресот кој го сруши Драч со земја.

Се уште се трага по преживеани, екипите цела ноќ работеа со цели напори да спасат што поголем број на преживеани луѓе под урнатините.
Македонските пожарникарските херои речиси во текот на целата ноќ работеа на пронаоѓање на преживеани луѓе по страотниот земјотрес кој вчера рано утрото ја погоди Албанија, а беше почувствуван на целиот Балкан.
-3:30 часот Драч-Албанија. Се работи на терен се уште БППЗ Скопје, стои во нивниот пост на Фејсбук.
Во вчерашниот силен земјотрес загинаа најмалку 25 лица.
Во најсилниот земјотрес кој ја погодил таа земја во последните декади, урнати се голем број згради, а по него следуваа најмалку 250 вторични потреси.
Илјадници луѓе ноќта ја минаа на фудбалскиот стадион во Драч, каде војската постави шатори.
– Подрачјето на Драч и Тумана се најтешко погодени. Спасувачките акции продолжуваат во урнатите згради, изјави албанскиот министер за одбрана Олта Џака. Тој истакна дека Италија, Франција, Романија, Турција, Грција, Хрватска, Црна Гора, Косово и Србија испратиле 200 специјализирани војници, алат и тимови со кучиња-трагачи за да помогнат во давањето помош.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.