Реконструкцијата и изградбата на стадионот во Битола е започната, во Прилеп е во почетна фаза, па со оваа одлука објектите само ќе останат на забот на времето да се уништат

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 11:27

Скопски Чаир со нов стадион, Битола и Прилеп ќе почекаат

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Фудбалската федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и програмата за развој, официјално добила дозвола за започнување на активности за реконструкција и изградба на трибини на два стадиони во државата.

Опфатени се стадионот „Чаир“ во Скопје и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Средствата се одобрени по претходно поднесена апликација и идејни проекти за двата стадиони од страна на Фудбалската федерација на Македонија.

Овие активности се дел од проектот на ФФМ за подобрување на фудбалската инфраструктура во општините во Македонија.

Договорот за реконструкција и изградба на трибини на стадионот „Чаир” во Скопје и стадионот „Билјанини Извори” во Охрид ги регулира меѓусебните односи при изведување на работите меѓу ФФМ, општините и УЕФА.

Во име на Фудбалската федерација на Македонија сакам да порачам дека заедно со општините и УЕФА продолжуваме со заедничкото градење подобра иднина на македонскиот фудбал.

Ова се крупни проекти од исклучително значење, но и дополнителен импулс за локалната самоуправа, се со цел да осигураме убава иднина за нашиот фудбал. Се обидуваме да помогнеме секаде и на секаков начин и се надевам дека тоа ќе го направиме според договореното и согласно нашите и принципите на УЕФА.

Наша единствена цел со ваквиот тип на проекти е да овозможиме услови какви што заслужуваат тимовите, гледачите и репрезентацијата. – изјави в.д. претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Одамна е позната навивачката нетрпеливост на Македонците и Албанците во домашниот фудбал, голема е нетрпеливоста и во поголем број на секојдневни случувања,

Коментар од Македонски Албанец: Какво Косово, јас сум Албанец, но ќе навивам за Македонија

Едно од полуфиналињата од групите Д во лигата на нации ќе се игра во Скопје, а ќе ни...