Во главниот град вчера се случија два инцидента кои ги вознемирија жителите, имаше пукање во населбаат Кисела Вода каде неам повредени, а второто пукање беше во Топанско поле каде биле повредени две лица.
МВР ги потврди информациите за пукањата во Скопје.
Вчера во 17.15 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека од спортска обложувалница во населбата Топанско Поле биле донесени А.Н.(39) и А.Б.(45), повредени од огнено оружје. Според пријавеното, едно лице, поради претходно недоразбирање со А.Н. и А.Б., вработени како приватно обезбедување во обложувалница на ул.„Втора македонска бригада“, со пиштол испукало неколку проектили кон нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од заскитан куршум оштетено е возило марка „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки на улицата „Локов“ во населбата Кисела Вода.
Како што соопшти МВР, инцидентот бил пријавен вчера во 13.30 часот во Полициската станица Кисела Вода од страна на сопственикот на возилото, Д.С.(48) од Скопје.
Извршен бил увид.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.