Ќе се стоплат ли скопјани зимава - енергетската криза зема сѐ поголем замав

Објавил: Македонка Димкин | 11 јануари, 2022 14:06

Скопјани по дома во Јакни и Бунди како да се на Шарпланина

Фото/Текст извор: ©магазин

Владините претставници се децидни дека нема да дозволат граѓаните да останат без парно греење. Општините бараат помош за да се надмине енергетската криза.

Владата разгледува опција за времено преземање на работењето на компаниите кои имаат лиценци за обезбедување на топлинска енергија, меѓу кои и Балкан енерџи груп, која обезбедува топлинска енергија за најголемиот дел од Град Скопје. Ова го најави синоќа мандатарот, Димитар Ковачевски, според кого Министерството за финансии обезбедило финансиски средства за БЕГ за набавка на гас од Развојната банка на Северна Македонија.

БЕГ како приватна компанија ќе треба да понуди гаранција за која ќе го обезбеди кредитот, според пазарни банкарски услуги. Доколку тоа не се случи, се разгледува опција за времено преземање на работењето со компаниите во Скопје којшто се задолжени согласно со своите лиценци да обезбедат топлинска енергија на граѓаните на градот Скопје. Ковачевски е дециден дека Владата нема да дозволи граѓаните да останат без парно греење зимава.
Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека БЕГ може да остане и без лиценца ако не испорача топлинска енергија за скопјани. Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, пак, при гостувањето во „Утрински брифинг“, зборувајќи за проблемот со снабдувањето на Скопје со парно греење, рече дека топлинска енергија ќе биде испорачувана до крајот на грејната сезона.

„Владата помага со креирање на нова кредитна линија, но не може да се прават исклучоци за приватна компанија од целиот систем, тие треба да ги обезбедат сите гаранции, а ако не можат, владата има на располагање други мерки кои по закон може да ги преземе“, вели Битиќи. Тој е дециден дека во однос на енергетската криза, како никогаш досега се обезбедува електрична енергија од домашни ресурси, ставени се на располагање сите капацитети, по прв пат е вклучено ТЕЦ Неготино со 2 котли, ТЕЦ Осломеј, Когел, а деновиве ќе биде пуштен и третиот блок на РЕК Битола.

Кој е надлежен за затоплувањето

Во екот на енергетската криза надлежните си ја префрлаат одговорноста околу затоплувањето со парно греење. Мандатарот Димитар Ковачевски, смета дека, според законите, топлинската енергија и БЕГ, односно целата инфраструктура за затоплување со парно греење е во надлежност на Град Скопје. „Град Скопје треба да биде свесен дека треба и тие да предвидат мерки, кои очигледно не се предвидени во рамки на нивниот буџет за справување со оваа криза“, порача тој синоќа.

Но, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вели дека надлежна е Владата, бидејќи од неа БЕГ има добиено концесија.

ЗЕЛС бара помош од Владата

Арсовска, како претседателка на заедницата на општините ЗЕЛС, денеска упати повик до Владата да свика итен состанок поради енергетската криза и високите сметки кои локалните самоуправи ги имаат за електрична енергија.

„Сметките за електрична енергија се драстично зголемена и се доведува ликвиднста во прашање. Останатите потреби на граѓаните не можат да се сервисираат, поради тоа што единствено од буџетите се покриваат трошоците за електрична енергија. Некаде се за повеќе од 5 пати зголемени, односно за 500 отсто. а тоа се се должи на раскинатите договори“, вели Арсовска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

УБИЕЦОТ И ГИ СКРАТИ СОНИШТАТА: Викторија дипломираше на факултет имаше и две сестрички

Младата девојка Викторија Н. која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка...

Се бара и еден помлад асистент за данок на добивка, со истите квалификации како и претходникот, со или без работно искуство во струката, и истата плата од нешто повеќе од 30 илјади денари. Тој треба да биде Албанец.

УЈП распишала оглас и за еден виш даночен референт за даночно сметководство, кој треба да има најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно - економско, трговско или дактилографско и најмалку две години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 22.739 денари, и тој треба да биде Албанец.

Се бара и еден асистент за анализа на ризик и планирање на контроли, со Економски или Правен факултет, со најмалку една година искуство во струката. Неговата плата ќе биде 33.322 денари, а согласно годишниот план на УЈП тој треба да биде Турчин според етничката припадност.

УЈП ќе прима и помлад систем администратор, со високо образование од областа на електротехниката, компјутерската техника и информатика, или информатка, со или без работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде околу 30 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Албанец.

Во Управата ќе се прима и еден помлад даночен оператор во повикувачки центар, со најмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, стопанско или трговско, со или без работно искуство во струката. Ќе зема плата од нецели 20 илјади денари, а според етничката припадност треба да биде Ром.

Потоа, во огласот се бараат тројца помлади асистенти за услуги во приемна канцеларија, со високо образование од областа на јавната управа и администрација, или правни науки или политички науки, со или без работно искуство во струката. Платата на сите овие тројца нови кадри ќе биде нешто над 30 илјади денари, а согласно годишниот план треба да бидат Албанци.

УЈП вработува и еден самостоен даночен агент за услуги во приемна канцеларија, сонајмалку вишо или средно образование, гимназиско или стручно – економско, техничко или трговско, со најмалку три години работно искуство во струката. Неговата плата ќе биде 29.179 денари, а според етничката припадност треба да биде Србин.

Македонија мајка за Албанците а маќеа за Македонците

Македонските граѓани во својата сопствена држава постанаа граѓани од втор ред! Пред...

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести препорачува изолацијата на лица позитивни од Ковид-19...