Околу промената на имињата на улиците во градот, Трајановски истакна дека тоа не смее сега во овој период да се случува. Период во кој македонскиот идентитет е разнишан.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 февруари, 2021 7:25

Скопјани ќе го памтат Шилегов единствено по сомнителната продажба на новата Градска куќа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното издание на “Студио” на Канал 77 членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски истакна дека Петре Шилегов не заслужува уште еден мандат.

Шилегов историски наназад гледано, е најлошиот градоначалник на Скопје. Скопјани нема по што да го паметат затоа што тој не направи ниту еден проект за подобрување на животот на граѓаните на главната метропола во државата. 

Петре Шилегов не заслужува втор мандат. За овие три ипол години покажа дека не е по работата, нема стратегија за развој, му оставив многу проекти, а тој после две ипол години ги започнува. Шилегов не направи ништо по што би го запаметиле скопјани. Од изборната програма не оствари ниту 10 отсто. Нема никакви резултати во областа на екологија, уредување и комунална хигиена.

Станавме еден од најзагадените градови во светот. Насекаде нечистотија во Скопје. Зеленилото се суши, а нови садници не се садат. Гужвата во сообраќајот не е намалена, а во однос на водоснабдувањето немаме никаков напредок. Единствено ќе го паметат скопјани по продажбата на новата Градска куќа, којашто се изгради додека бев градоначалник, по отворањето на автобуската станица на 50-ка во ГТЦ и по ливадата на плоштадот на која тревата и се исуши, рече Трајановски.

Околу промената на имињата на улиците во градот, Трајановски истакна дека тоа не смее сега во овој период да се случува. Период во кој македонскиот идентитет е разнишан.

Зошто сега после договорот со Грција, зошто сега после договорот со Бугарија, кога е променето името кога се менуваат личните податоци, кога е доведено во прашање јазикот, историјата и идентитетот на македонскиот народ. Ако се погледне предлог – листата на новите имиња на улиците, ќе заклучиме дека ова оди во прилог со договорите со Грција и Бугарија. Се менуваат имиња од античкиот период, од периодот од 1941 година, имињата на партизаните кои биле патриотски настроени, се обидуваат да ја играат играта на Бугарија и Грција за обезличување на македонската историја и македонскиот народ. Ова не смее да се дозволи. Треба да се искористат сите легални и законски можности за да се сопре ова, дециден е Трајановски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...