Македонија
Сообраќај
СКОПЈЕ ДОБИ УШТЕ ЕДЕН МОДЕРЕН БУЛЕВАР – ПРВИОТ ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ОТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ!
Се сеќавате дека овде имаше една стара улица која исто се викаше Босна и Херцеговина и која 50-тина години не беше реконструирана.
Сега, сведочиме на најмодерно сообраќајно решение, со целосна инфраструктура, шест сообраќајни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки, средишно зеленило и странично зеленило.
Булеварот се протега од улицата Македонско-косовска бригада до раскрсницата со улиците Александар Урдаревски и Ќемал Сејфула.
Тој ги поврзува граѓаните на Шуто Оризари, Карпош, Чаир, Бутел и Железара со преостанатиот дел од градот и заедно со булеварот Христијан Тодоровски Карпош претставува брз излез на обиколницата.
Градот Скопје и тоа како вложува во нова и современа инфраструктура, а во тек се градежните работи на булеварот Никола Карев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Сообраќај
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.