Црна хроника во главниот град

Објавил: Узунов Бобан | 14 март, 2019 14:19

Скопје: Претепале сопственик на ресторан затоа што не им пуштал музика

Фото/Текст извор: ©магазин

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против три лица под сомнение дека извршиле кривично дело насилство во угостителски објект во Скопје.

Според информациите, осомничените како гости во угостителски објект лоциран во трговскиот центар „Беверли Хилс“, на 13 март годинава, дејствувајќи како група, извршиле грубо насилство врз сопственикот на локалот, а кај присутните гости и вработени предизвикале чувство на загрозување, страв и несигурност.

Двајца од осомничените не биле задоволни од третманот и услугата и почнале вербална расправија со оштетениот инсистирајќи во локалот да им биде пуштена одредена музика по нивна желба. Сопственикот одбил со образложение дека работното време на објектот е истечено и мора да го затвори. По ова, осомничените му се заканиле и почнале да кршат шишиња и чаши, а кога им било наложено да го напуштат објектот, физички го нападнале сопственикот удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото.

Кон тепачката се приклучило и третото осомничено лице, кое дополнително влегло во објектот, па замавнувајќи со дрвена рачка од метла, повеќепати го удрил сопственикот.

Од нанесените удари сопственикот добил тешки повреди – повеќе набиеници и една скршеница во пределот на главата – по што успеал да се оттргне и засолни во кујната на локалот.

По предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 на тројцата насилници им определил мерки на претпазливост.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

На овој датум секаде во светот ќе се одбележи 50 години од првиот бунт на хомосексуалците во њујоршкиот бар Стоунвал.

ФОТО: Битолчани ќе покажат пред светот што значи „Парада на Гордоста“

На 29 јуни во Скопје е закажана „Парада на Гордоста“, каде во центарот на главниот град...

Повлекувањето од функцијата пратеник во собранието на Павле Богоевски претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните.

Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика пратениците кои се обвинети за криминали да поднесат оставка?

На тема одговорност, сега има само едно прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика пратениците...

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...