Свет
Криза
Во Австрија, во последните 24 часа, од април е забележан нов рекорд на нови инфекции, со 395 нови случаи.
Тоа е најголем број новозаразени од 3 април, кога се регистрирани 416 нови случаи.
Само во Виена се регистрирани 203 новоинфицирани лица, потоа провинцијата Горна Австрија со 57 случаи и Тирол со 49.
Во моментов во Австрија има 3.171 активен пациент, од кои 144 се хоспитализирани, а 30 се на интензивна нега.
Во текот на изминатите 24 часа беа спроведени 12.799 тестови.
Од почетокот на епидемијата во Австрија, на крајот на февруари, 26.803 Австријци биле позитивно тестирани за вирусот корона, а 22.866 биле излекувани.
Десетици илјади демонстранти во Берлин се очекува да протестираат денеска против рестриктивните мерки наметнати поради пандемијата на коронавриус, а протестот започна предмалку. Германскиот покраински суд дозволи денешните масовни протести да се одржат, иако градот Берлин неодамна ги забрани како дел од епидемиолошките мерки.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Криза
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.