Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

Објавил: Мате Парлоф | 21 јануари, 2022 17:39

Скратување на изолација од десет на седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Комисијата за заразни болести препорачува изолацијата на лица позитивни од Ковид-19 од десет дена да се намали на седум дена, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали.

-На денешната седница која беше свикана по барање на министерот за здравство, членовите на Комисијата одговорија позитивно и се состанавме.

На тој состанок се разговареше, и секако врз основа на следењето на трендот на одлуки кои се донесени во различни држави, кои се релевантни и се земаат за пример за споредување, и врз основа на нашиот Институт за јавно здравје кој ги добива на дневна база податоците, одлуката на Комисијата е изолацијата од десет дена да се намали на седум дена, изјави Сали за ТВ Сител.

Тој напомена дека оваа одлука не е конечна, затоа што, како што рече, во идниот период состојбата со новозарезани ќе се следи и соодветно ќе се носат препораки и одлуки.

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

По вчерашниот ден во кој ние пратениците бевме заклучени во пленарната сала по наредба на Талат Џафери веќе е кристално јасно дека Собранието не е е повеќе демократска институција туку институција заробена од еден автократ кој што си дозволува да се однесува како Собранието да е приватна своина, непочитувајќи никаков Деловник и пред се крши основни човекови права“, изјави Мицевски!

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесат интерпелација за Џафери

Интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери ќе поднесат Пратеничката...

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите

Ковачевски: Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка по повод автокефалноста на Македонската...

Претходно шефот на државата упати честитка за ваквата одлука и порача дека ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед.

Пендаровски и Вучиќ со заедничка фотографија од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ

Со заедничка фотографија во Давос македонскиот и српскиот Претседател Стево Пендаровски...

Од денеска шатори и вреќи за спиење пред владата, Независниот синдикат на професионални војници излезе на штрајк.

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА! Од...