Апел до опозицијата за отворена, суштинска и плодна дебата за ова законско решение, упати и СДСМ.

Објавил: Весна Петровска | 28 јануари, 2020 15:13

СКРОМЕН ПРИДОНЕС НА ЈАВНАТА РАСПРАВА ЗА ЈО: Вака пратениците на ВМРО -ДПМНЕ го поздравија Јовески

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го пречекаа Љубомир Јовески со транспарент.

-Г-н Јовески до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба (член 60, закон за ЈО).

Во Собранието попладнево на седница на Комисијата за политички систем почна јавната расправа за законот за јавно обвинителство.

Министерката за правда Рената Дескоска очекува конструктивна јавна расправа за законот за јавно обвинителство. Таа изјави дека очекува јавната расправа да даде предлози како да се подобри Предлог-законот, а не да се злоупотребува времето за дебата.

– Дебатата треба да се води по законот по она што е содржано како решение и да слушнеме евентуално ако има предлози за подобрување на текстот. Во спротивно, секое било какво поинакво однесување, особено од опозицијата ќе биде протолкувано како опструкција на процесот и одолговлекување, рече Дескоска.

Додаде дека ако има добра волја може да се донесе законот пред распуштањето на Парламентот.

Министерката изрази надеж дека ќе биде обезбедено потребното мнозинство за да биде донесен законот, но и оти очекува опозицијата да постапи разумно.

Апел до опозицијата за отворена, суштинска и плодна дебата за ова законско решение, упати и СДСМ.

-Ова е можност ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да одлучат, дали ќе застанат зад Законот за јавно обвинителство или како и досега ќе застанат зад криминалот. Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем. Политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да им се остави простор за независно, стручно и објективно постапување, а тоа ќе се постигне само ако се донесе законот, соопштија од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, им реплицираа дека Зоран Заев и СДСМ сакаат набрзина да донесат закон, кој ќе го амнестира нивниот криминал.

-Заев и СДСМ бегаат од квалитетен закон за јавно обвинителство, затоа што така нема да може некоја Вилма Русковска или Љубомир Јовески да ги сокрива или ослободува од криминали и афери, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија и забележуваат на власта дека со законот сака повторно да го воскресне СЈО и да ги заштити криминалците од своите редови. Тврдат дека се залагаат за закон кој ќе биде неселективен и пред кој ќе можат да одговараат сите граѓани, а не за некој да биде привилегија, а за некој обратното.

На јавната расправа присуствуваат пратеници од сите пратенички групи, министерката за правда Рената Дескоска, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, обвинители и професори од Правниот факултет и меѓународни претставници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

„Оваа информација не е ниту нова, ниту непозната ако се има предвид фактот дека уште за време на изборната кампања на парламентарните избори 2016г. токму Заев од митинг во скопската населба Капиштец нарачуваше обвиненија и ја диригираше работата на Катица Јанева и на цело СЈО. Ако од позиција на опозициски лидер во 2016г. имаше увид во работата на СЈО, или подобро кажано, тој ја утврдуваше „агендата на политичкиот прогон“ што СЈО послушно ја спроведуваше во пракса, можеме само да замислиме што овој човек правел од позиција на претседател на влада. Да не заборавиме дека цела година Заев беше претседател на комисијата за реформи во судството, позиција што тој успешно си ја валоризираше за задоволување на своите интереси и политички потреби, за директни нарачки кај судиите и обвинителите,“ потенцира универзитетската професорка.

Каракамишева: „Бомбата“ за Заев е само потврда дека тој диригира со судството и обвинителството!

Најновиот аудио запис и транскрипт што вчера беше објавен од страна на Антонио Милошоски...

Мажот, кој беше во критична состојба по експлозијата, почина синоќа на Единицата за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје.

ТРАГЕДИЈА: Четврта жртва од експлозијата во Романовце

Мажот, кој беше во критична состојба по експлозијата, почина синоќа на Единицата...

Истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен. Сепак и покрај ова и тоа особено долж Повардарието и на исток ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје и околината ќе имаме сончево и релативно топло време со умерена, повремено и локално позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, ветерот повремено ќе засилува.

Непредвидливо време до крајот на неделата- денеска уживајте во сонцето

До крајот на денов ќе имаме сончево време со умерена, локално и позначителна облачност,...