Македонската дипломатија никогаш не паднала на "пониски гранки", и токму кога мислиме дека го допрела дното, таа тоне и се благодарение на "кадровите решенија" на министерот Димитров

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 октомври, 2018 19:28

Слаб министер и дипломатија без амбасадори

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Македонската дипломатија, брод без компас и “неспособен капетан” кого екипажот одамна го напуштил.

Њу Јорк (Обединети нации), Виена (ОБСЕ), Брисел (НАТО), Данска, Италија, Будимпешта, Холандија, Шпанија, Кина, Израел, Јапонија, Словенија, Србија, Албанија, Чешката Република, Романија, Косово, Шведска и Австралија се само дел од 25те амбасади, постојани мисии и конзулати на Република Македонија, во кои подолго време државата нема свои амбасадори.

Поголемиот дел од амбасадите на Македонија во странство, не само што се без амбасадори, туку во моментов се и речиси празни, со по еден или двајца дипломати со пониски звања.

Доколку се знае дека амбасадорите се највисоките дипломатски претсавници на Македонија во другите држави, задолжени да ги спроведуваат сите дипломатски, политички и економски приоритети на земјата во странство, тогаш испаѓа дека Македонија во моментов е дипломатски пасивна држава, неспособна да ги промовира, штити и унапредува своите трговски, политички и безбедносни интереси во една Италија, Холандија, Словенија, но и во Обединетите Нации.

Владо Бучковски, поранешниот контраверзен претседател на СДСМ, премиер на Македонија со криминогено минато, поранешен министер за одбрана исфрлен од партијата, сега идеално кадрово решение за амбасадор на Република Македонија во САД.

Одговорноста за ваквата десеткувана дипломатска постава првенствено лежи во Министерството за надворешни работи, кое според закон и опис на надлежности е актерот кој е првенственон одговорен за (не)функционирањето на дипломатската мрежа.

Кохабитацијата со Претседателот Иванов може, но и не мора да биде изговор, бидејќи и во минатото имало фигури со различни политички гледишта и во МНР и кај Претседателот на државата, но вака испразнета дипломатска мрежа не се памети од осамостојувањето на Македонија.

Заклучокот не би бил претенциозен доколку се каже дека министерот Никола Димитров засега нема капацитет да ја обезбеди функционалноста на дипломатско-конзуларните претсавништва во странство. 

Она што го дознаваме од добро упатени извори во МНР, е дека една од причините за ваквиот застој е и инсистирањето на амбасадорски решенија кои се делумно контраверзни за јавноста, но биле и неприфатливи како решенија за Претседателот Иванов.

Љубомир Д. Фрчкоски, поранешниот прв човек на македонската полиција па дипломатија, човекот обвинет од покојниот претседател Киро Глигоров дека посредувал за продажба на името со Грција, човекот кој има мислење кое го менува со брзина на светлината, политичарот кој шамара жени по скопските паркинзи, предлог амбасадор на Република Македонија во мисијата на ОБСЕ во Виена.

Имено, министерот Димитров на предлог листата за идни амбасадори, меѓу другите, ги имал и Проф. Владо Бучковски (за амбасадор во Вашингтон, САД) и Проф. Фрчкоски (за амбасадор во ОБСЕ – Виена), личности за кои Претседателот Иванов категорично сметал дека не се соодветни за да ја претставуваат државата на највисоко ниво во странство.

Она што засега се очекува дека може да помине како усогласена листа се следниве предлози:

Паскал Гилевски, шеф на кабинет на Димитров, за амбасадор во Вашингтон

Горан Стефчевски, дел од тимот што го спремаше Договорот од Нивици, за амбасадор во Унгарија

Оливер Крлиу, за амбасадор во Холандија

Кенан Рамадани, за амбасадор во Швајцарија

Сашко Тодоровски, сопруг на Мирјана Најчевска, за амбасадор во ОБСЕ-Виена

Фатон Бејта, за амбасадор во Копенхаген (како награда за неговиот ангажман во дисциплинската комисија за отказни решенија на 4 политички неподобни дипломати)

Драгољуб Павловски, за конзул во Детроит (исто како награда за неговиот ангажман во дисциплинската комисија за отказни решенија на 4 политички неподобни дипломати)

Фуат Хасановиќ, за конзул во Истанбул (за истиот имаше извештај од финансиската ревизија проневера од 50.000 долари како амбасадор во Катар).

Предлог решенијата за тоа кои ќе бидат идните амбасадори на Република Македонија во Обединетите Нации, во НАТО и во Кина, се очекува да ги определи Шефот на државата.

Сепак, процесот на пополнување на празните амбасади зависи и од тоа колку и дали министерот Димитров ќе инсистира на тоа Бучковски и Фрчковски да добијат амбасадорски позиции.

Но, додека ова се договори и додека се реализира на дело, останива поразителниот факт дека Македонија во моментов има многу слабо Министерство за надворешни работи и дипломатија без амбасадори. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести