Директорот на дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески со втор обид да купи џип вреден 20.000 евра за кој инсистира дека е најповолен за него

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 12:28

Славески со народни пари ќе купува џип вреден 20.000 евра

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески, одлучил дека за да ги врши своите службени обврски, морал да се вози во џип кој што не смее да биде поефтин од 20.000 евра.

Од извори од Дирекцијата, неофицијално дознаваме дека директорот вршел притисок врз претседателот и членовите на Комисијата за јавни набавки, како знаат и умеат да ја направат спецификацијата за набавка на ново возило да одговара на еден модел на џип, кој на Славески најмногу му се допаѓал, а тоа е “Hyundai Tucson”.

Исто така, се дознава дека првиот обид за набавка на вакво возило пропаднал, бидејќи членовите на Комисијата за јавни набавки во Дирекцијата во последен момент сфатиле дека не сакаат да ризикуваат заради комодитетот на директорот, па поради “технички” причини во последен момент е поништен конкурсот.

Но во втор обид, тие добиле јасни инструкции дека возилото кое ќе се купи мора да биде “Hyundai Tucson”, и ништо друго.

Славески притоа важи за кадар близок на Шекеринска, и стана познат на јавноста кога незакоснки вработуваше лица во ДБКИ без безбедносни сертификати, а и издаваше сертификати на безбедносно сомнителни лица.

Колку за потсетување за едно такво инсистирање за набавка на возило Мерцедес со затворска казна се здобија три лица, премиер, министер за внатрешни работи и помошник министер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува...

Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски...

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

СДСМ: Антикорупциска потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски...

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се изнајде решение на предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет, кој беше организиран и платен од Владата на Република Македонија, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата на Република Македонија излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република ж Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија.

Владата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Владата тврди дека ги евакуирала сите патници со „Аир Србија”

Со чартер летот организиран и платен од страна на Владата на Република Македонија,...