Режисерите, снимателите и главната протагонистка Атиџе на дневна основа се селат од континент на континент, со цел да подигнат некоја нова награда и да бидат поблиску до публиката низ целиот свет.

Објавил: Весна Петровска | 18 јануари, 2020 13:13

Славната холивудска актерка Џејми Ли Кертис за Медена земја: Колку перфектен филм

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Славната холивудска актерка Џејми Ли Кертис на Твитер напиша дека е воодушевена од македонскиот документарен филм „Медена земја“.

– Колку перфектен филм за овој момент. „Медената земја“ е зачудувачка. Алчност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Упорност. Воодушевена сум – напиша Ли Кертис.

За потсетување, документарниот филм „Медена земја“ со добивањето на две номинации за Оскар – за најдобар документарец и за најдобар странски филм, направи историски исчекор на македонската кинематографија. Тука објавуваме претходно направен разговор со Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, режисери, и Атиџе Муратова, главна протагонистка во „Медена земја“.

Светската премиера на документарниот филм „Медена земја“ се случи на 28 јануари 2019 година на 38. Фестивал на независни филмови „Санденс“, а по освојувањето на три награди на фестивалот, меѓу кои и Главната награда од жирито за најдобар светски документарен филм, филмската екипа што го направи документарецот и главната протагонистка доживејаа комплетен пресврт во нивниот животен ритам. Филмот веќе е прикажан на голем број филмски фестивали низ целиот свет, а во еден период се прикажуваше во 36 киносали во САД. Режисерите, снимателите и главната протагонистка Атиџе на дневна основа се селат од континент на континент, со цел да подигнат некоја нова награда и да бидат поблиску до публиката низ целиот свет.

Продуцент и монтажер на документарниот филм „Медена земја“ е Атанас Георгиев, сниматели се Фејми Даут и Самир Љума, музиката ја направија членовите на групата „Фолтин“, а како музички супервизор се јавува Рана Еид од „ДБ Студиос“ (DB Studios) од Бејрут. Документарецот е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, а поддржан е од Агенцијата за филм на Северна Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

На крајот од соопштението стои – Се е тоа музика, а музиката или е музика, или ја нема, познатото мото на пејачката.

Ова е непочитување на уметничката слобода- се огласи Јосипа Лисац по скандалот со химната!

Откако вчера хрватската пејачка Јосипа Лисац, која ја изведе националната химна на...

Пејачката до својата шеснаесетта година живее во Барбадос, но потоа се преселува во САД за да изгради своја музичка кариера, заедно со продуцентот Ивен Роџерс. Во исто време таа потпишува и договор со Def Jam Recordings после аудицијата со тогашниот сопственик Џеј-Зи.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН РИЈАНА: Сексипилната, зеленоока црнка денеска го слави 32-риот роденден

Сексипилната зеленоока црнка, Ријана денеска го слави својот 32-ри роденден. Таа е позната...

Имено бабата Цеца со нетрпение го очекува доаѓањето на свет на своето прво внуче. Иако во медиумите веќе излезе информација дека за бебето се подготвува златна колепка, и детска соба, сепак младите родители Вељко Ражнатовиќ и Богдана не сакаат да се одвојуваат од бебето, па малото бебе ќе спие со родителите, откриваат српските медиуми.

НЕМА ДЕТСКА СОБА ЗА ПРВИОТ ВНУК: Цеца откри детали од домот кој ја шокираа јавноста

Веќе одамна на големо се пишува за бремената снаа на Цеца, Богдана Ражнатовиќ која...

Уште на почетокот, житиро даде коментар дека натпреварувачот фалшира. Сепак Селимовиќ успеа да го воодушеви жирито со втората песна, па гласовите почнаа да се редат. На крајот од настапот успеа да ги освои сите шест гласови од жири комисијата.

СКАНДАЛ ВО ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД: Менторите ги уценувале натпреварувачите!

Селим Селимовиќ (26) е натпреварувач од Ниш а негов ментор е Вики Миљковиќ, а тие решија...