Според доказниот материјал кој денеска беше презентиран, Ременски и Боки имале честа комуникација. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 февруари, 2020 17:04

Следи собраниска, Заев зборува за тебе- Ременски му праќала смс пораки на Боки 13

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешното рочиште за случајот Рекет, каде се слушаа видео снимки доставени до обвинителството од сведокот Орце Камчев, и се читаа смс пораки од првообвинетиот со поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева а воедно и со пратеничката Фросина Ременски. 

Ременски и Боки 13 често пати комуницирале преку СМС пораки…

Според доказниот материјал кој денеска беше презентиран, Ременски и Боки имале честа комуникација. 

Во една од пораките кои Ременски му ги пратила на Бојан, таа му вели дека Апелација ќе одреди притвор за Камчев на што тој и враќа „Не”.

Дај боже, му враќа на тоа пратеничката.

Она што го привлече вниманието е пораката од Ременски која му пишала на Јовановски да следи  пренос од собраниска седница која се емитува на националната МТВ, каде што поранешниот премиер Зоран Заев говори за неговиот случај.

Сега зборува З.З, направи катастрофа, стои во пораката од Ременски.

Беа прочитани и смс пораки кои обвинетите Бојан Јовановски и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева си ги испраќале на “Whats App”.

Бојан и Катица со меѓусебна комуникација започнале на 25 февруари 2019 година кога тој и испратил на Јанева неколку фотографии од мебел, со коментар “Одбрав, стигнати се”! на што Јанева вратила никакков одговор.

Денеска на почетокот од судењето Бојан Јовановски кој е првоосомничен во случајот рече дека има нова дијагноза, односно дека на 33 години има рак на желудникот a пред новинарите, адвокатот на Бојан , Сашо Дуковски ги покажа документите со дијагностициран канцер, издадени пред два дена од ГОБ- 8ми септември.

Утврден е карцином на желудникот. Ова докажува во каква состојба се наоѓа Боки. Тој постојано повраќа крв и не може да го следи судењето.Ова е тортура врз Јовановски и ние тоа нема да го дозволиме во иднина, посочи Дуковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот...

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на...