Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 октомври, 2019 16:45

Следната среда неработен ден за сите граѓани!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2019 година (среда), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Се очекуваат уште 10 нови празници во Македонија

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

  •  23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
  •  8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од католичка вероисповед

  •  1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  •  22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.