Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.

Објавил: Сара Фемина | 26 ноември, 2021 17:30

СЛЕДУВААТ ЧЕСТИ ВРНЕЖИ – ОСОБЕНО ВО ЗАПАДНИТЕ ПРЕДЕЛИ, ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ ВО ПОЧЕТОКОТ ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА!

Фото/Текст извор: ©магазин

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат особено во западните предели каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог.

На планините ќе има врнежи од снег, каде ќе се формира и снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.

Потоа време на овој викенд времето ќе биде променливо облачно, а особено во западните предели ќе има врнежи од дожд и истите во недела доцна попладне и навечер ќе се прошират на повеќе места.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено на неои места ветерот ќе биде СИЛЕН со брзина од над 70 км/час), додека температурите на воздухот и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

Во Скопскиот регион викендов времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен правец. Ќе има услови и за повремен слаб дожд, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 16 степени.

Поголемо заладување на времето се очекува во почетокот од следната недела, кога освен на повисоките места и на планините, услови за врнежи од снег ќе има и на местата со помала надморска височина.

Вкупното количество на воден талог во следниот период и тоа особено во западните предели ќе надмине 40 л/м2 воден талог, додека на планините ќе се формира снежна покривка.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.