СДК.мк ја пренесува нивната тешка голгота со која се соочуваат низ годините.

Објавил: Валерија Петрова | 7 декември, 2019 14:54

СЛЕПО СЕМЕЈСТВО ОД КУМАНОВО МОЛИ ЗА ПОМОШ – инситуциите НЕ гледаат ПРОБЛЕМ кај нив!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Тажна приказна доаѓа од Куманово, за едно осумчлено семејство животот преставува беден и макотрпен, а институциите никако да им помогнат.

СДК.мк ја пренесува нивната тешка голгота со која се соочуваат низ годините.

Осумгодишно девојче со интелектуална попреченост пешачи десетина километри дневно за да оди на училиште. Првачето Елеонора Младеновска од селото Враготурце, од почетокот на учебната година секој ден поминува по 4 часа во планина за да стигне на настава во соседното село Пелинце. Од дома излегува околу 5.30 часот и пробивајќи се по густата шума, непристапниот и стрмен терен, во училиштето доаѓа во 7.30, па откако ќе и завршат часовите повторно назад. Нејзиното семејство живее на крајот на селото на падините на Козјак, на 1.200 метри надморска височина, на самата македонско- српска граница, 40 километри од Куманово. До нив може да се стигне исклучиво со џип, по тесен земјен пат долг 15 километри кој го поврзува селото со регионалниот пат Пелинце- Куманово, пренесува СДК.мк.

„По скратени патеки оди по 13 километри, а да кружи по главниот пат има 30 километри. Кога времето беше убаво па и некако, но сега кога почна да врне, да дува силен ветер и да паѓа снег, нема шанси да стигне до училиштето. Волци и чакали ќе ја растргнат по ова невреме. До неодамна за неа се грижеше најстарата ќерка, но таа се омажи. Нема кој повеќе да ја води на училиште и минатата недела ја пропушти наставата. Јас сум слеп, жена ми има ментален хендикеп, а мајка ми е стара и тешко се движи. Детето само не го знае патот. Двапати го водев јас, но заталкавме па не бараа ловџиите. Од училиштето ми викаат ако направи повеќе од 10 неоправдани изостаноци ќе следува казна. Јас имам документ дека детето е со посебни потреби и треба да има придружник и превоз што го плаќа државата. Ако не го обезбедат ќе мора да ја испишам од училиште“, вели Новко Младеновски, татко на Елеонора.

Од Центарот за социјални работи од Куманово, велат дека на родителите им понудиле детето да го сместат во ученичкиот дом во селото Драгоманце, но тие не прифатиле. Ако родителите немаат услови да го праќаат детето во училиште тие се подготвени веднаш да му обезбедат престој во интернатот.

„Не можам детето да го пратам да живее само, затоа што не е добро со здравје и не може само да се грижи за себе. Мора да има придружба и стручна помош, а во домот има само еден воспитувач попладневне и ноќе. Од тие причини не ја пуштам, инаку за мене лично подобро е да седи во ученичкиот дом, бидејќи нема да се мачи да патува и ќе има стопати подобри услови за престој и храна од дома“, вели Новко.

Тој вели дека на почетокот на учебната година од училиштето добил само ветување дека Општината Старо Нагоричане ќе обезбеди превоз за детето. Зошто не е исполнета обврската се обидовме да добиеме одговор од градоначалникот Милован Стојковски, но тој не одговараше на телефонските повици.

ОПШТИНАТА И МИНИСТЕРСТВАТА НЕ ГЛЕДААТ ПРОБЛЕМИ КАЈ МЛАДЕНОВСКИ

Осумчленото семејство Младеновски живее во голема беда. Во стара и трошна куќичка од едвај триесетина квадрати, во две собички со оскуден мебел, без купатило и елементарни услови за живот, притиснати со сериозни здравствени проблеми овие луѓе на свои плеќи ја носат сета суровост на животот. Покрај Елеонора, имаат уште 4 деца. Најстарата Ангелина има 20 години, Стефан и Филип, кои се трета година средното и деветто оделение се сместени во Домот за слепи лица во Кисела Вода, а најмалиот Мики (5) живее со родителите. Сите деца имаат оштетувања на видот од 50 до 95 проценти и неопходна им е редовна и соодветна здравствена заштита за да не ослепат како татко им. Семејството со години бара стан од државата, но откако пред 5-6 години трипати биле одбиени со образложение дека нема слободни станови, ја изгубиле надежта дека некој ќе им помогне.

Повеќе прочитајте ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Заев како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев.

Нова Бомба од Ларис Гајзер: Во 2014 г, Заев бил дел од мрежа за изборни нерегуларности.

“Купопродажба на гласови во Македонија” Досие за Заев, омилениот премиер на ЕУ,...

Од Агенцијата за храна и ветеринарство за Фактор велат дека редовно земаат мостри за лабораториско испитување при увоз или при сомнеж, но дека вршат и инспекциски контроли на готови производи.

Не е само отпадот проблем, Македонија увезува и отпад од месо?

Само Лани Македонија увезла  речиси 9.000 тони или точно 8,9 милиони килограми машински...

Парите што останале во постојниот план, наменети за уривање дивоградби, се премалку за да се отстрани базата, која ниту Усеини нема во план да ја дислоцира, дознава „А1он“. Охрид не може да распише ниту тендер за избор на нова фирма бидејќи во буџетот има останато уште пари за уривање.

Охрид нема пари за да ја урне дивоизградената база на Усеини

Дивоизградената бетонската база во сопственост на бизнисменот и советник од Општина...

Тој, според пријавеното, се договорил и во Гостивар и платил една од договорените рати. Подоцна, скопјанката не се појавила на договорената средба во Скопје и не му се јавувала повеќе, по што сфатил дека е измамен.

„Дај ми пари и ќе ја вработам девојка ти“ – Гостиварец падна во рацете на измамнци!

Преку социјалните мрежи лесно можете да дојдете до измамници, таков пример се случил...