Миодраг Дака Давидовиќ е голем ктитор на СПЦ. Во фокусот на јавноста стигна по антибироктратската револуција во Црна Гора во 1989 година, до кога работел како финансиски раководител во железарницата „Борис Кидриќ“ во Никшиќ.

Објавил: Валерија Петрова | 11 декември, 2019 18:48

СЛИЧНО СЦЕНАРИО КАКО УБИСТВОТО НА АРКАН: Застрелан познат црногорски бизнисмен во Белград

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Познатиот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ е застрелан синоќа во Белград. Според првичните информации, врз сопственикот на никшиќки „Нексан“ непознат напаѓач испукал куршум во лобите на хотелот „Краун плаза“ во кој живее. Давидовиќ исто така е познат трговец со оружје со силни политички врски.

Миодраг Дака Давидовиќ е голем ктитор на СПЦ. Во фокусот на јавноста стигна по антибироктратската револуција во Црна Гора во 1989 година, до кога работел како финансиски раководител во железарницата „Борис Кидриќ“ во Никшиќ.

Заедно со сега покојните Павле Булетовиќ и Момир Булатовиќ, инаку прв непосредно избран претседател на Црна Гора, именуван е за началник на Центарот за безбедност во Никшиќ. Беше тоа во времето непосредно пред избивањето на граѓанската војна во тогашна СФРЈ.

Инаку Давидовиќ му е кум на Момир Булатовиќ и беше министер за трговија во владата на САО Херцеговина, а по расколот во некогаш единствениот ДПС бил уапсен од страна на режимот на Ѓукановиќ. Потоа завлезе во сферата на бизнисот и стана донатор на СПЦ и Митрополијата црногорско-приморска. Го изгради храмот Свети Сава на Голија кај Никшиќ. Сопственик е на претпријатието „Нексан“ кое се занимава со производство на вина и алкохолни пијалоци, но и со високоградба. Во сопственот на компанијата на Давидовиќ „Нексан“ е и хотелот „Адмирал“ во Будва кој од запуштена состојба пред две години го купи од руската Метропол група.

Пред 7 години српскиот партијарх Иринеј го одликуваше Давидовиќ со Орденот Свети Сава од прв степен, а пред три години на празникот Свети Василиј Острошки, од митрополитот Амфилохие доби Орден на Светиот крал Милутин за немерлив придонес кој го дал во обнова на манастирот Острог и православните светилишта ширум Црна Гора.

На Давидовиќ е пукано најверојатно од снајпер, а на Нов Белград е пронајден запален автомобил „рено“, во кој е пронајдена и снајперската пушка. Дака бил во друштво со владиката Будимјанско-никиќки Јоаникиј. Давидовиќ не е животно загрозен. Полицијата изврши увид на местото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Погребот на Маршалот не поминал без Службата за државна безбедност. Како што е веќе познатово јавноста, погребот наТито бил третиран како светски настан и на него присуствувале 100 важни гости.

ОТКРИЕНА ГОЛЕМА ТАЈНА НА СФРЈ: Во сандакот на Тито не било изложено неговото тело

Пред извесно време излезе навиделина долго чувана тајна од Југославија. Имено станува...

Не знам чија идеја е тоа. Видов дека Црна Гора и Хрватска го усвоија тоа. Јас сум против. Секој човек би сакал да има загарантирано слободно време. Но, можеш ти, ама немој да ме тераш мене, јас сакам да работам - истакна тој.

Вучиќ: Најдобро да не работиме ништо, а платите да бидат високи!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ  вчера пред јавноста истакна дека воопшто...

Од кабинетот на Павлопулос, рано утрово преку соопштение ги известија новинарите и медиумите дека „поради вирус на претседателот на државата Прокопис Павлопулос, денешните средби во претседателската палата нема да се одржат“, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот претседател Павлопулос итно пренесен во болница

Претседателот на Грција Прокопис Павлопулос денеска бил пренесен во Центарот за кардиохирургија...