Затоа ВЕ ЗАМОЛУВАМ да ги понесете со Вас само македонските ЗНАМИЊА, ВЕ ЗАМОЛУВАМ оставете ги Вашите партиски дома овој пат.

Објавил: Перо Милчин | 19 април, 2021 23:46

СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ: Семакедонски протест на 25 април во 11 часот пред владата на Република Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Почитувани,
Ве поканувам на 25 Април (недела) 2021 година во 11 часот пред Владата на Република Македонија независно од вашата партиска, политичка, верска и другата припадност, Ве повикувам да ни се придружите во ова чекорење во нашата борба за правда.

На Семакедонскиот протест треба сите да демонстрираме доблест на толеранција и покрај сите разлики меѓу нас Македонците по род и државјанство, бидејќи се работи за човечки судбини.

Затоа ВЕ ЗАМОЛУВАМ да ги понесете со Вас само македонските ЗНАМИЊА, ВЕ ЗАМОЛУВАМ оставете ги Вашите партиски дома овој пат.

-Не се плашам од затворот, историјата ќе ме ослободи.

Мааните не треба да ги бараме меѓу нас пред Собранието туку заедно да се избориме против ова неправда која ни се случува веќе 4та година на нас и нашите фамилии.

Вие сте нашиот глас бидејќи ние сме веќе 4та година во темница разделени од нашите синови и ќерки и ние заедно со нашите деца се надеваме дека ќе дојдете на овој собир да ни дадете поддршка и да се избориме заедно, бидејќи само со Вас на улица може да ја добиеме нашата правда и да слушнат сите дека ние НЕ СМЕ терористи туку жртви на полтиката и системот.

Собирот започнува во 11 часот пред Владата на Република Македонија, од 12 часот ќе се маршира до Собранието на Република Македонија каде што ќе се испее химната на Република Македонија и ќе се прочитаат нашите барања за повторување на постапка каде што ќе можеме да ја докажеме нашата невиност во една фер и правична судска постапка.

На собирот нема да има ГОВОРИ.
Ќе се испее химната и ќе се прочитаат нашите барања и ќе се испеат македонски песни.

📌 НАЈГОЛЕМ ГОВОР ЌЕ БИДЕ ВАШЕТО ПРИСУСТВО И МАРШОТ ОД ВЛАДАТА ДО СОБРАНИЕТО во знак на наша поддршка.

📌Упатувам молба за достоинствен протест и ВЕ ЗАМОЛУВАМ да нема провокации кон припадниците на МВР.
Секој оној кој што ќе направи провокации кон било кого нека знае дека ќе оди на наша штета. Доколку сакате да ни помогнете, дојдете со една цел, да покажете дека сте со нас на мирен и достоинствен начин.

📌 Ве замолувам да нема навредливи скандирања кон никого, туку да се скандира СЛОБОДА, БАРАМЕ ПРАВДА, МАКЕДОНИЈА!

📌 Ве замолувам, држете расотојание и носете маски.

🚩 Ако сакаме да имаме барем малку нормална држава и ако искрено и заедно се бориме за тоа ќе успееме. Во спротивно, денес јас ја живеам неправдата и моето семејство, а утре можеби си ти на ред! 

Со почит, Јане Ченто 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани