Словачка донира заштита опрема за нашите медицински работници.
Преку ЕУ и билатерална соработка со поединечни земји членки на Унијата ние почувствувавме што значи европската солидарност и механизмите за помош, тогаш кога помошта е најпотребна.
Од самиот почеток на ковид кризата добиваме медицинска опрема и материјали кои го зајакнаа нашиот здравствен систем, а до кои на почетокот на кризата многу тешко се стигнуваше, затоа што имаше дефицит насекаде во светот, вели министерот Филипче!
Огромна благодарност до амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш, амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, вицепремиерот Никола Димитров и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џаферовски за помошта и поддршката која ја даваат во справување со ковид кризата, потенцираше тој!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.