Свет
Вести
Еден месец и половина по регистрирањето на првиот случај на вирусна инфекција во Словачка, со население од 5,5 милиони, стапката на смртност е најниска во Европа.
Во последните 24 часа, во Словачка се регистрирани два нови смртни случаи, а вкупно се починати дваесет лица.
Регистрирани се и тројца нови пациенти, вкупно заразени 1.384 лица, објави Националниот центар за медицински податоци, јави ТАСР.
Тестираниот број е 1.767 лица.
Словачка, наводно, ги затвори сите училишта, продавници и граници меѓу првите во Европа веднаш по Италија.
Граѓаните започнаа да носат маски дури и пред Владата официјално да ја воведе како задолжителна превентивна мерка, а регионот на Братислава, плашејќи се од италијанското сценарио, ги затвори училиштата два дена откако беше регистриран првиот случај на инфекција.
Според научниците, клучната беше брзината и заштитата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.