Несреќата во Бугарија

Објавил: Калина Мартинска | 12 декември, 2024 10:35

Случајот „Беса Транс“ падна на Апелација, ќе се суди од почеток

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Апелациониот суд ги прифатил жалбите на обвинетите и ја поништил првостепената одлука за случајот „Беса транс“ со која сопственикот Беким Хаџиу е осуден на 20 месеци затвор.

Работата не е директно поврзана со причините за несреќата на автобусот на Беса Транс на 23 ноември 2021 година во Бугарија, каде што загинаа 45 лица, туку со фалсификувањето на потврдата за сообраќајна дозвола за автобуска несреќа.

Според првостепеното решение кое се заснова на обвинението, Хаџиу преку возачите кои го управувале автобусот употребил лажна потврда за дозвола, која не била издадена од Министерството за транспорт и врски. Со истото, државната граница ја поминал повеќе од 20 пати. Сепак, одбраната негираше дека го фалсификувала сертификатот за лиценца. Тие инсистираат на формулацијата дека за да има фалсификат некој мора да креира лажна исправа, што според нив во овој случај не се случило. Но, Обвинителството соопшти дека со доказите е докажано дека автобусот на компанијата Беса Транс кој изгоре во Бугарија, наместо специјална ја користел општата дозвола, која е само поврзана со работењето на субјектот. Првостепеното судење за овој случај започна на 15 ноември 2022 година.

Судијата Ивица Стефановски кој го водеше случајот, во март годинава ја објави пресудата во Основниот кривичен суд Скопје, и наведе дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице „Беса Транс“ се виновни затоа што обвинетиот, како управител на правно лице „Беса Транс“ во повеќе наврати употребил како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, која што воопшто не била издадена од страна на Министерство за транспорт и врски за тој автобус.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.