Предметот „Талир“ се однесува за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски.

Објавил: Перо Милчин | 14 јануари, 2019 11:08

Случајот “Талир” ќе го води албанскиот судија Осман Шабани

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Основниот суд Скопје 1 – Скопје информира денеска дека,судијата Осман Шабани ќе го води предметот КОК бр.3.19 од обвинителството означен како Талир оформен по одобрен обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела.

Судијата Осман Шабани ги води исто така и предметите „Титаник“, „Топлик“ и повторената постапка за „Монструм“.

Предметот „Талир“ се однесува за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски,  Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска.

На 22 ноември минатата година Специјалното јавно обвинителство до скопскиот Кривичен суд поднесе два обвинителни акта на спроведената истражна постапка во предметот познат во јавноста како „Талир“.


Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по предлог на СЈО за „Талир“ на 28 ноември 2018 година донесе решение со кое го уважи предлогот и на обвинетиот Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија му определи мерка притвор во траење од 30 дена, но тоа ќе биде сметано од денот кога тој ќе биде пронајден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Правник

Фетаи очекува законот за обвинителството да се донесе во пет до дванаесет, можеби на 14ти септември оваа година, ден пред истекот на мандатот на СЈО

Фатиме Фетаи: Лично не сакам да ја сменат Катица Јанева!

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи во вчерашното гостување на 1ТВ во интервјуто...

Според Менкиноски, менеџирањето на целиот процес на преговори од страна на министерката Дескоска, е очајно!

Менкиноски: Дескоска бара амнестија за незаконитите дејствија на СЈО и Катица Јанева

“Немаме намера да бидеме соучесници во амнестирањето на незаконитите постапки кои...

Изгледа дека во Основниот суд Скопје 1 политичките директиви се посилни од законските норми и Деловникот на самиот суд.

СКАНДАЛ во Кривичен суд: Злоупотреби со судските предмети и смена на непослушни службеници!?

Судски службеник укажува на злоупотреби на системот за распределба на судски предмети...

Мијалков е во куќен притвор и со полициска придружба беше донесен во судницата и со истата придружба ќе биде однесен во истражниот затвор во „Шутка“. Таму ќе биде однесен и Ибраими.

Сашо Мијалков три години затвор и веднаш во притвор во Шутка!

На денешната судска седница донесени се следниве пресуди: Затворска казна од три години...