Британските медиуми пренесуваат дека Министерството очекува уште случаи со заразени, пред се, заради развиените туристички врски со кинескиот град Вухан.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јануари, 2020 10:35

Смртоносниот вирус се шири- тројца заболени во Сингапур

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Корона вирусот од кој во Кина загинаа 17 лица, започна да се шири, денеска Сингапур потврди уште два случаи на заразени од новиот тип на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство на оваа земја, еден ден откако беше регистриран првиот случај.

Коронавирусот, кој изби во кинескиот град Вухан, се рашири и во неколку други држави, при што починаа најмалку 25 лица. Се смета дека епидемијата потекнува од рибниот пазар што во меѓувреме е затворен , а целиот град е во карантин. Вухан има околу 11 милиони жители, повеќе од Лондон и Њујорк, а вирусот се шири во Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја и Тајван, но стигна до САД. Неколку недели откако пазарот стана „нулта точка“, официјалните лица потврдија дека вирусот е пренесен од личност до личност. Коронавирусот е широк спектар на вируси присутен кај животни кои можат да се пренесат и на луѓето во одредени околности. Контактот со месото на разни животни што се продава на пазарот на големо во морска храна е идентификувано како веројатна причина за првите инфекцирани лица.

Британските медиуми пренесуваат дека Министерството очекува уште случаи со заразени, пред се, заради развиените туристички врски со кинескиот град Вухан.

Пред два дена на вонреден состанок, Светската здравствена организација соопшти дека нема да прогласи меѓународна вонредна состојба во сферата на јавното здравје поради новиот смртоносен коронавирус што се појави во Кина и кој однесе 17 животи.

Кинеските власти го известиле СЗО на 31 декември за појавата на досега непознатата пневмонија во централниот град Вухан, со население од 11 милиони луѓе. На 7 јануари кинеските експерти ја идентификуваа причината за заболувањето – коронавирус 2019-nCoV.

Вчера Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ) објави дека развојот на вакцината против новиот тип на коронавирус ќе трае најмалку една година.

Вчера бројката на заболени од овој вирус беше 440 но за еден ден се покачи на 517, а смртоносниот вирус однесен 17 животи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според него, за време на операциите во Идлиб, кои беа спроведени со поддршка на турските вооружени сили, загинаа околу 150 сириски војници, 12 тенкови, три оклопни возила и 14 воздушни системи се уништени.

ЕРДОГАН ШОКИРАШЕ: Ова што се случува во Сирија е војна- чекаме одговор од Путин

„Она што се случува во Сирија Идлиб сега може да се нарече војна. Веќе ги започнавме...

Во извештајот се вели дека Мортеза Рахманзаде, градоначалникот на 13 области во Техеран,  бил хоспитализиран вчера заради симптоми на коронавирус. Тестот покажал дека Мортеза е позитивен на коронавирус, пренесува Ројтерс.

КОРОНА ВИРУСОТ УДРИ И ПО ВЛАСТА: Градоначалникот на Техеран заврши во болница поради смртоносниот вирус!

Ирански функционер од Техеран е заразен со коронавирус, објави денес државната телевизија. Во...

„Одржавме помали воени вежби“, се вели во преписот на брифингот објавен од прес-службата на американската армија.

ПАНИКА: Американците вежбаа за нуклеарна војна со Русија – вака би изгледала оваа катастрофа

Соединетите држави спроведоа воени вежби, симулирајќи одговор на нападот на Русија...

Ердоган денеска посочи дека ќе обави телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин за моменталната ситуација во Сирија, како и дека акциите на Турција во Идлиб ќе зависат од резултатот на тој телефонски разговор.

Ердоган: Војната започна, денеска ќе разговарам со Путин!

Денеска претседателот на Турција  Реџеп Тајип Ердоган изјави дека тоа што во моментов...