Се очекуваат врнежи од снег во земјава!

Објавил: Стојче Бушин | 23 март, 2020 7:12

СНЕГОТ СЕ ВРАЌА: Се очекува снежна покривка од 20 до 30 сантиметри- најнови детали

Фото/Текст извор: ©Магазин

До крајот на денов, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на многу постуден воздух кој се спушта од североисточните предели од континентот (Русија).

Времето ќе биде претежно облачно, особено во источните предели ќе има повремени врнежи претежно од снег.

Се очекува формирање и на снежна покривка, како на повисоките места и на планините, така и на некои пониски места. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат невообичаено ниски и под просекот, истите ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и студено а ќе има услови и за провејување на снег, ќе дува и северен ветер кој повремено ќе засилува.

Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 4 степени. Повремени локални врнежи претежно од снег ќе има и утре, повеќе врнежи ќе има во источните предели а на некои од пониските места ќе има услови и за врнежи од дожд и снег.

За време на овој бран во источните предели се очекува формирање на снежна покривка од 20 до 30 сантиметри, во останатите предели понекаде ќе се формира снежна покривка од 1 до 5 сантиметри, на повисоките места и на планините поголема.

Потоа во поголемиот дел од оваа недела ќе имаме променливо време. Од среда ќе има и повремени врнежи кој ќе бидат од дожд на ниските места и тоа поради порастот на температурите на воздухот, на планините врнежите ќе бидат од снег. Повремено врнежите ќе бидат поинтензивни.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи кој ќе бидат претежно од снег, иако повремено има услови и за врнежи од дожд и снег

СНЕГ И ДОЖД ВО ЗЕМЈАВА: Детална временска прогноза!

Нашата територија до крајот на денов ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност....

Повеќе застапени врнежите ќе бидат во попладневните и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, истиот повремено и тоа особено на север и долж Повардарието ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

ТОЛКУ ОД СОНЦЕТО: Наредните денови дожд и снег!

До крајот на денов, времето во државава ќе биде променливо облачно со повремени локални...

Во Скопје и околината претпладнево ќе биде сончево, попладне локално ќе има повеќе облачност кога ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 16 степени.

Радувајте се денес на сонцето, од утре дожд и снег!

Во текот на претпладнево во државава времето ќе биде претежно сончево и релативно...

До крајот на денов во државава времето ќе биде променливо облачно со локални послаби врнежи од дожд а на планините од снег.

ДЕТАЛНА ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Следува покачување на температурите во Македонија!

До крајот на денов во државава времето ќе биде променливо облачно со локални послаби...