Австрија, Чешка, Словачка и Полска се најтешко погодени. Овие области очекуваат врнежи од 200 до 400 литри дожд на метар квадратен и обилен снег на планините, а на Алпите на запад и југ од Австрија се очекува нов снег до два метри. Областа на Алпите е веќе покриена со снег, а снежната линија се спушти на 800 до 1000 метри надморска височина.
За жал, поради екстремно обилните врнежи, централна Европа се плаши од разорни поплави и порои, а водостојот на реките веќе се крева за неколку метри.
Нашиот регион е под удар на невреме и драстично заладување, а снег падна и на планините во Босна, Хрватска и Словенија.
Снег за време на викендот се очекува и на повисоките планини на Србија.
Студениот фронт донесе драстично заладување на нашите простори, а тие паднаа за цели 20 степени.
И додека во Македонија денеска има есенски температури,, на истокот на Бугарија и на југот на Грција е вистинско лето, со температури над 30 степени.
На Пелистер падна првиот снег но сонцето брзо го растопи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.