Најново метео

Објавил: Сара Фемина | 30 ноември, 2021 7:22

СНЕГ ЌЕ ЈА ЗАТРУПА МАКЕДОНИЈА: Студено со врнежи од дожд и снег

Фото/Текст извор: ©магазин

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, најавува метеорологот на Утрински брифинг Славчо Поповски.

Поради заладувањето, врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места, особено во северните и западните предели, каде снежна покривка ќе се формира понекаде и на пониските места, а на планините истата ќе се зголемува.

Попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи разведрување и стабилизирање на времето. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен долж повардарието. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 10 степени во најтоплите предели од државава.

Во Скопје и околината во текот на претпладнево времето ќе биде претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд и од снег, додека попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи разведрување и стабилизирање на времето. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа утре и во четврток времето ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Наутро и тоа поради разведрувањето ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека максималните ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд и снег на планините се очекува во петок, како и за време на викендот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.