Германската метеоролошка служба ДВД апелираше до граѓаните да останат дома, а властите им помагаа на бездомниците засолнувајќи ги во топлите засолништа, пренесе АП.

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 февруари, 2021 16:28

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Повеќе од 200 сообраќајки, железничките не работат- ХАОС на улиците!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Снежна бура и силни ветрови ги погодија северна и западна Германија денес, што предизвика прекин на железничкиот сообраќај, а се случија 222 сообраќајни несреќи во кои беа повредени 28 лица, од кои две потешко, објави германската полиција.

Германската метеоролошка служба ДВД апелираше до граѓаните да останат дома, а властите им помагаа на бездомниците засолнувајќи ги во топлите засолништа, пренесе АП.

Раководството на железничкиот превозник „Дојче Бан“ објави дека се затворени главните железнички линии меѓу Хамбург, Хановер и Берлин, како и оние на запад, бидејќи снегот се натрупувал на шините.

Во градот Минстер, еден од најпогодените градови, имаше толку многу снег на улиците што амбулантите не можеа да поминат, а јавниот превоз беше во прекин.

Повеќе од 30 сантиметри снег падна во тој град, а во некои населени места снежните наноси се искачија до еден метар високи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

„Тоа ќе биде вистинска снежна бура, Армагедон, снежна апокалипса“, рече метеорологот на приватната станица Фобос, Евгениј Тишовец, пренесува руската новинска агенција Риа Новости.

ДОАЃА ЦРН ВИКЕНД ВО РУСИЈА: Се очекуваат обилни врнежи од снег – граѓаните стравуваат од најлошото

Москва во средата ги започна подготовките за рекордни врнежи од снег во текот на претстојниот...

Невремето од североисток се очекува во вторник да донесе меѓу 30 и 60 сантиметри снег во областа Њујорк.

Снежна бура ја погоди Америка: Вонредна состојба во Њујорк, издадени бројни предупредувања(ФОТО)

Силна снежна бура го погоди североистокот на Соединетите држави, нарушувајќи го животот...

Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека од 850 легла во одделенијата за интензивна нега наменети за пациенти со корона, 843 се моментално зафатени.

Колапс во Португалија- Уште 7 слободни кревети на интензивна нега: Пациентите се транспортираат на островите

Португалското Министерство за здравство предупреди дека уште седум кревети за пациенти...

„Време е да се преземат превентивни мерки против заканата од овој вирус“, рече Меркел на прес-конференција во вторникот, по состанокот со премиерите на германските покраини, пренесува Ројтерс.

ВОВЕДЕНИ НОВИ МЕРКИ ВО ГЕРМАНИЈА: Платно и шалови забранети како замена за заштитни маски во јавниот превоз

Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на 16 германски покраини се согласија...