Ова е прв таков случај по ескалацијата на судирите во последните месеци на северозападот на Сирија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 август, 2019 22:42

Исламисти соборија воен авион на сириската Влада – ПИЛОТОТ ЗАРОБЕН!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што соопшти невладиниот Центар за мониторинг на човековите права во таа земја, џихадисти соборија авион на сириската Влада и го заробија пилотот.

Авионот -ловецот Сухој ја надлетувал областа источно од Хан Шејхун, клучен град на југот на Идлиб, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.
Откако пилотот се катапултирал, припадниците на групата Тахрир ал-Шам го заробиле.

Рахман, исто така, рече дека тоа е првиот соборен сириски авион откако во април, сириските владини сили и нивните руски сојузници речиси секојдневно вршеја бомбардирање на покраината Идлиб и делови од соседните Алепо, Хама и Латакија.

Во соопштение објавено на Телеграм џихадистичката група вели дека воениот авион бил соборен во близина на градот Ел Таманаха во јужниот дел на Идлиб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Имено Вучиќ упати порака до македонската Влада и рече дека треба да си ја гледа својата работа. Тој упати порака и до Србите во Македонија.

Вучиќ: Со бојкотот на нобеловецот Хандке, македонската влада покажа на Србите за кого да гласаат

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, на социјалните мрежи го коментираше бојкотот...

Тие кои што останаа во државните болници мораат на вечер да возат такси да преживеат, вели Алексеј.

РУСКИТЕ ХИРУРЗИ ОПЕРИРААТ ДУРИ 12 ЧАСА, а навечер возат такси да преживеат: Нема да верувате колку им изнесува просечната плата!

Дванаесет часа руските лекари оперираат луѓе, а доцна во ноќта возат такси да ги прехранат...

"Fridom USS Detroit" припаѓа на класата најнови воени бродови на американската морнарица, а во употреба е од 2014 година.

ДРАМА НА АТЛАНТИКОТ: Потона американски воен брод – војската објави фотографии од местото на несреќата

Јужната команда на морнарските снаги на САД, потврдија дека воен брод “Fridom USS Detroit”...