
Македонија
Политика
Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија и ги верифицираше мандатите на 118 пратеници.
Mандатот на пратениците од стариот собраниски состав завршии.
На новите пратеници кои се носители на други функции исто така им престана функцијата.
На шест пратеници им се прекинува функцијата во Владата заради што Владата ќе ги извршува само техничките функции до избор на новата влада.
Талат Џафери, кој моментално е премиер во техничката Влада, нема да учествува во работата на Собранието се до изборот на новата влада.
Гаши: Ќе го гарантирам правото на личен став и говор како кај пратениците од власта, така и кај оние од опозицијата
Во своето прво обраќање по преземањето на функцијата претседател на Собранието, Африм Гаши им се заблагодари на народните избраници за довербата и порача дека ќе го гарантира правото на личен став и говор како кај пратениците од власта, така и кај оние од опозицијата.
На денешната конститутивна седница Собранието со 76 гласови за и 6 против, го изгласа Африм Гаши за нов претседател на Законодавниот дом.
Против изборот на Гаши гласаа пратениците на Левица додека пак пратениците од Европскиот фронт предводен од ДУИ не беа присутни во салата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.