Македонија
Политика
Со 63 гласа за и 30 против Ристо Пенов и официјално избран за нов министер за локална самоуправа.
По гласањето Пенов даде свечена изјава пред пратениците, а законодавниот дом продолжи со својата работа.
Расправата во законодавниот дом се одвиваше на релација власт опозиција околу тоа дали и колу Пенов е вистинскиот избор за нов министер но не изостанаа ниту другите актуелни и политички теми.
Расправата за изборот на Пенов во законодавниот дом траеше три работни дена а Пенов, се враќа на политичката сцена речиси по една деценија – овој пат на местото на неговиот претходник и сопартиец Горан Милевски кој си поднесе оставка од оваа функција од лични причини.
Пенов беше градоначалник на Скопје во два мандати , беше и пратеник но и претседател на ЛДП.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Политика
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.