СДСМ како одговорна партија во време на пандемија се грижи за сите погодени со кризата, никој не е оставен сам. Поддршката ќе стигне на вистинското место во најбрз можен рок.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 декември, 2020 12:43

Собранието го усвои Законот за еднократна помош од 6.000 денари за ранливите категории

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, за сите компании погодени од последиците на пандемијата со коронавирусот.

И покрај обидите за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, Собранието го усвои  законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, како и законот, со кој обезбедува финансиска поддршка за ублажување на последиците од коронакризата врз производството, откупот на грозје и винската индустрија.

Со ова над 283.000 граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, ќе добијат 6.000 денари за купување македонски производи и услуги.

Оваа е дел од четвриот пакет економски мерки за помош и поддршка во кризата за граѓаните и за компаниите, со кои Владата предводена од СДСМ им помага на граѓаните полесно да ги поднесат последиците од коронакризата, а истовремено се раздвижува домашната економија.

Во време на најголемата здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот, Владата предводена од СДСМ низ четири пакети мерки пренасочува кон граѓаните и економијата речиси милијарда евра.

СДСМ како одговорна партија во време на пандемија се грижи за сите погодени со кризата, никој не е оставен сам. Поддршката ќе стигне на вистинското место во најбрз можен рок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...