Собранието денеска остро ги демантираше тврдењата на професорката Гордана Силјановска Давкова, која напиша дека за време на јавната расправа на тема „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борбата против корупцијата“ и биле избришани стенограмите од нејзиното излагање, во кое го споменува зборот „Рекет“.
Во соопштението се наведува дека согласно досегашната пракса, стенограмите од јавните расправи се прават од аудио материјал и во оној дел каде зборовите се неразбирливи или поради врева не може добро да се чујат се остава празна линија.
Исто така се додава дека навистина не е коректно и е непрофесионално да се изведуваат погрешни заклучоци и да се обвинува во јавноста за намерна интервенција во стенограмите од говорот на професорката Силјановска-Давкова, без притоа таа да направи обид да се консултира Собранието за прво да добие информација, а потоа да изнесува заклучоци“.
– Тврдењата на професорката Гордана Силјановска-Давкова се целосно неосновани и тенденциозни. Никој во Собранието ниту интервенирал, ниту пак ќе се осмели да интервенира во стенограми од дискусии на пленарни седници или пак на јавни расправи.
Сведоци сме дека за јавната расправа на тема „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борбата против корупцијата“ имаше огромен интерес, а во салата присуствуваа заинтересирани пратеници, екпсерти, професори, наведува Собранието во соопштение.
– Со оглед на интересот за темата салата Борис Трајковски беше преполна. Поради вревата се случило одреден момент од дискусијата на говорниците да не се слуша убаво. Поради тоа службите оставиле празен простор, токму со цел да не интервенираат во содржината на говорот. Собраниската служба за само два дена ја организираше јавната расправа, а поради потребата за подготовката на текстот на законот за јавно обвинителство, стенограмите од сите говорници ги подготви за исклучително кус период, стои во соопштението.
– Собранието е транспарентна институција отворена за граѓаните во секое време. Ја повикуваме професорката Силјановска-Давкова да дојде во Собранието за да се увери дека не станува збор за интервенција, стои во соопштението на собраниската служба за информирање.
Професорката Силјановска Давкова на социјалните мрежи обвини дека во стенограмите од нејзиното излагање на јавната расправа во Собранието бил избришан зборот „рекет“.
– Погледнете ги стенограмски белешки од јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“ од 28-01-2020 година. Кај моето излагање наместо зборот „ рекет“, има долго тире, како симбол за „ рекетирање што тече“?! Уште една манифестација на хибридн режим!, напиша Давкова.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.