Се очекува на дневер ред да се стават и изгласаат составот на ДИК - Законот за финансирање на партиите и измените во Законот за Влада

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 јули, 2018 7:30

Собранието денес се очекува да ги гласа политичките одлуки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во текот на денот се очекува Талат Џафери да свика нова Седница на Собранието на Република Македонија на чиј дневен ред ќе се најдат политичките одлуки постигнати на лидерската средба.

Како што е најавено пред пратениците треба да се најдат изборот на нов состав на Државната изборна комисија – Законот за финансирање на политичките партии како и измените на Законот за Влада усогласен со Договорот од Пржино.

Зависно од политичката желба можно е сите законски решенија и изборот на ДИК да се изгласаат уште денес.

Но нема крај и на партиските шпекулации. Па така власта тврди дека опозицијата конечно се откажала од барањето за измени и во Законот за Кривичен законик во членовите кои се однесуваат на кривичната одговорност за финансирање на предизборна кампања.

Од ВМРО – ДПМНЕ пак прецизираа дека се откажале во барањето за измени во Член 353 од Кривичниот законик но не и во Член 165 од истиот кој се однесува на финансирањето на кампањата бидејќи измените на истиот биле усогласени и договорени со власта да се применат.

СМС порака со информација и повик за нова Собраниска седница од Талат Џафери до пратениците во текот на денов ќе ја реши дилемата дали овој пат Заев ќе си стои на зборот или политичката криза во земјата ќе продолжи со што извесно ќе е дека СДСМ и ДУИ сами ќе одат на Референдум.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.