Во изјава за „360 степени“, обвинителката Ленче Ристоска не го криеше своето разочарување од одлуката на Советот на јавни обвинители. Посакува барем да имало образложение зошто членовите на Советот гласале така како што гласале.
„Јас сум разочарана од одлуката на Советот. Навистина не знам зошто, и покрај демонстрираниот професионализам и интегритет, работата на случаи како „Таргет-Тврдина“, „Талир 1“ и „Талир 2“ и, паралелно, со тоа работа во „Еуроџаст“, за која сум пофалена од самата институција, јас не заслужувам унапредување. Ќе беше убаво да ги слушневме и причините и размислувањата на членовите на Советот, а не само нивната конечна одлука“, изјави Ленче Ристоска за „360 степени“.
Доволен број гласови за влез во одделението за гонење на организиран криминал и корупција не доби и ФатимеФетаи, но таа потоа беше испрана за виш јавен обвинител.
Освен Фетаи во Вишото обвинителство во иднина ќе работат и обвинителите Бурим Рустеми, Наум Пановски, Сашо Трајчев и Снежана Георгиевска.
Колевски рече дека не е извршено политички влијание во изборот на ниту еден обвинител, ниту пак за обвинителката Фатиме Фетаи. Иако во медиумите кружеше информацијата дека токму Фетаи била номинираната обвинителка од СДСМ.
Во меѓувреме обвинителите Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов, Артан Ајро, Катерина Коларевиќ, Наташа Поптрајкова се избрани за обвинители во Обвинителството за организиран криминал, односно ќе работат со Вилма Рускоска.
Од сите кандидати обвинителите на поранешното СЈО биле меѓу најценетите и речиси сите се вработени во Обвинителството за организиран криминал и Вишото обвинителство.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.