Обожаваме солени мафини, па секогаш ни е добредојден нов рецепт. А денес го споделуваме рецептот за солени мафини со спанаќ, сирење и кашкавал!
Ако сте љубители на мафини еве еден одличен рецепт за нивна подготовка. Почнете го утрешниот ден со брз рецепт кој се прави во калапи за мафини. Превкусни се.
СОСТОЈКИ:
3 јајца
200 милилитри јогурт
100 милилитри масло
230 грама брашно
1 пециво
1 лажиче сол
70 грама салама
70 грама кашкавал
1 морков
50 грама грашок
ПОДГОТОВКА:
Саламата и кашкавалот се сечкаат на ситни коцки. Морковот и грашакот се варат (може да се користи и замрзната мешавина) и морковот се сече на коцки.
Јајцата се матат па се додаваат останатите состојки. На крај го ставаме брашното со саламата, кашкавалот и зеленчукот и уште малку матиме. Истураме во калап за мафини подмачкан со маргарин.
Печеме на 180 степени 20 минути.
ДОБАР АПЕТИТ!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.