Одличен рецепт за вашето мени.

Објавил: Сара Фемина | 7 декември, 2019 22:16

Солени мафини со тиквички, маслинки и сирење

Фото/Текст извор: ©мои рецепти

Брзи и вкусни мафини, за појадок или вечера.

Рецепт за подготовка на многу вкусни солени мафини со тиквички, маслинки и сирење.  Изненадете ги вашите пријатели со овој вкусен рецепт.

Калапите за мафини премачкајте ги со малку путер и наполнете ги до пола со горната смеса.

Состојки

3 јајца
100 мл млеко
100 мл маслиново масло
60 гр фета, бело сирење или урда
1 поголема тиквичка
10 поголеми маслинки
200 гр брашно
1 пак. прашок за пециво
сол, црн бибер, мајоран

Подготовка

Со миксер изматете ги убаво јајцата. Додадете ги млекото и маслото, зачинете, па потоа со лажица или најмала брзина на миксерот, вмешајте ги брашното и пецивото. Маслинките исецкајте ги, тиквичката изрендајте ја, а сирењето издробете го. Додадете ги и нив во смесата. Тиквичката не мора да ја цедите.

Полнете ги калапите за мафини со 2-3 од смесата. Одозгора, по желба можи да ставите и сусам.

Печете ги на 170 степени околу 25 мин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Рецепти

Во текот на подготовката, најпрво црвените пиперки (кои може да бидат и лути и благи) се печат, а потоа се ставаат во пластични ќеси за да набабрат, зашто на овој начин потоа полесно може да се излупат.

АЈВАР ОД ПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ БЕЗ КОНЗЕРВАНС: Ова е најдобриот рецепт од нашите простори(ВИДЕО)

Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна,...

Оваа витаминска бомба ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот и да останете здрави, а лесно се прави.

ВИТАМИНСКА БОМБА СО МЕД: Оваа комбинација ќе го зајакне вашиот ИМУНИТЕТ, а ќе ја направите од неколку СОСТОЈКИ!

Имунитет е способност на телото да се брани од разни болести, вирусни, бактериски и...