Солза Грчева професор и политичар за кого не постои биографија

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 12:25

Солза Грчева – член за сите партии и професор за сите Универзитети?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актуелната претседателка на политичката партија “Глас за Македонија” за која скоро и ништо да не се знае, Д-р Солза Грчева е исто така енигма самата за себе.

Од достапните информации за нас, за Солза Грчева знаеме само дека е Доктор по компјутерски науки при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје при Природно математичкиот факултет. И тоа е единствена информација која може да се најде  на нејзината биографија објавена на сајтот на Собранието на Македонија.

Солза Грчева на чинот на основањето на сопствената политичка партија за која не се знае ништо.

Но сепак информациите од терен говорат дека Грчева  е многу повеќе од тоа.

Покрај Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје таа во одреден период била и дел од колективот на Факултетот за информациски и комуникациски технологии при Универзитетот ФОН каде од “просперирала” од вондреден професор па се до Декан на истоименит факултет. Грчева била и дел од колективот на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип каде исто така имала успешна кариера па од вондреден професор стигнала до функцијата Проректор за меѓународна соработка.

Со Одлука од 24-ти ноември 2017-та година Солза Грчева е избрана за професор при Факултетот за технички науки овој пат при Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје

Грчева е член на СДСМ до 2015-та година кога е “избркана” поради непочитување на одлуките по што станува гласен критичар на Заев и Шекеринска.

Како поборник во законодавниот дом против политиките на “Универзитет во секој град – факултет во секое село” очигледно е дека академската кариера и оди одлично . Н е познато  дали го владее албанскиот јазик бидејќи  Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје во основа беше промовиран токму за таа етничка заедница.

За Грчева неможе да се најде политичка биографија.?!

Знаеме дека била член на Либерално демократската партија иако таа тоа јавно го оспорува но ЛДП, поточно  тогашниот претседател Жерновски излезе со изјава дека  не само што била нивни член туку во одредени сегменти држела партиски прес конференции на тема образование – комисија со која раководела.

Грчева е еден од предводниците на вонпарламентарни партии заедно со Бачев – Петровски и Палевски за бојкот на Референдумот.

Од ЛДП Грчева преминува во СДСМ од каде во 2014-та година станува и нивен пратеник по што веќе следната година по личната одлука да не ја почитува партиската одлука за бојкот на работата на Собранието на Македонија, е исклучена и делува како самостоен пратник. По изборите во 2016-та година Грчева формира сопствена политичка партија и е најгласен критичар на политиките на СДСМ и Заев.

Во  периодот пак во 2007-ма година иако критичар на политиките на ВМРО – ДПМНЕ таа била во одлични релации со владеачката партија. Така Грчева била  хонорарен соработник, денес  популарно именувани како „специјален советник„ на тогашниот премиер Никола Груевски за проектот “Компјутер за секое дете” кој е проект на извршната власт од 2007 година а е дел од владината иницијатива за “образование и обука на сите” кој се темели на Националната програма за развој во образованието 2005 – 2015 година.

Во време кога била член на СДСМ била советник на премиерот Никола Груевски за проектот “Компјутер за секое дете”.

Грчева има изјави од типот, дека доколку би била премиер уште во 2008-ма година би ги прекинала преговорите за името на Македонија со Грција но нема јасен став за политиките на СДСМ во периодот по војната во 2001-ва година особено за криминалите на тогашната власт

Исто така таа никогаш досега не се изјаснила по прашањето на тогашниот  референдумот на кој СДСМ во  коалиција со политичкото крило на терористичката УЧК-а познато како ДУИ – бојкотираше со слоганот “некои прашања не заслужуваат одговор„ 

После овој Референдум кој беше организиран од СМК Кичево и Струга беа присилно реорганизирани од македонски во повеќемнозински албански општини. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Тој додаде дека започнува градбата на на 100 мегавати сончева електрана во Осломеј, а потоа следат и инвестиции како голема фотонапонска електрана Стипион од 400 мегавати, со развој на агрикултура од реноминараната француска компанија АКУО, изградбата на голема ветерна електрана Вирови, од реномираната германска компанија WPD.

Ковачевски од Струмица: Членството во НАТО носи инвестиции во енергетиката

„Сериозно сме посветени на инвестициите во енергетиката, бидејќи тоа е клучно во...


Повеќе од 5 години веќе немам никаков директен или индиректен контакт или комуникација со Данела Арсовска од причина што нашата комуникација беше исклучиво службена и траеше додека извршував јавни политички функции.

Лажни се и секојдневните шпекулации дека јас целосно или делумно раководам со партијата од дистанца од Будимпешта, дека Христијан Мицковски и други членови на раководството се среќаваат со мене кога доаѓаат во Будимпешта и дека јас давам некакви инструкции или на било каков начин учествувам во носењето одлуки на ВМРО-ДПМНЕ.

Потврдувам дека ниту еднаш од десетината доаѓања во Будимпешта не сум имал средба со Христијан Мицковски или некој кој е во негова придружба, ниту пак со некој од актиелното раководство на партијата (ИК и ЦК), од причина што таква средба не побарале. Зошто не побарале средба, тие најдобро знаат, но оние членови на партијата кои не се дел од сегашното раководство, кои добро ги познавам и кои побарале средба со мене, сме се сретнале на разговор кој најчесто е од пријателска природа со луѓе со кои во минатото сме соработувале“, пишува Груевски.

Груевски: Повеќе од 5 години не сум се видел со Данела, а Мицкоски никогаш не побарал да ме сретне во Будимпешта

Поранешниот премиер Никола Груевски во долг статус на Фејсбук вели дека иако не...

Протестот на бугарската партија ВМРО-БНД во Благоевград, во знак на несогласување со отоврањето македонски културен клуб во овој град, ќе се одржи подалеку од местото на клубот, пред споменикот на Гоце Делчев, во центарот на градот, извести бугарската телевизија ТВ Нова.

ВМРО-БНД ЌЕ ПРОТЕСТИРА ПОДАЛЕКУ ОД КЛУБОТ „ВАПЦАРОВ“ Полиција дежура пред зградата каде ќе се отвори македонскиот културен центар

Репортерот на бугарската ТВ Нова во јавувањето во живо известува дека на околните...

Расправата во законодавниот дом се одвиваше на релација власт опозиција околу тоа дали и колу Пенов е вистинскиот избор за нов министер но не изостанаа ниту другите актуелни и политички теми.

Собранието го изгласа Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа и избра двајца уставни судии

Со 63 гласа за и 30 против Ристо Пенов и официјално избран за нов министер за локална...