Непроспиените ноќи на семејството Илиоски од Скопје и нивната искрена родителска љубов и големи напори беа причина малиот Иван кој има заостанување во развојот да се почувствува сакано и долгите ноќни плачења да ги замени со детски прегратки кон овие луѓе.

Објавил: Валерија Петрова | 13 ноември, 2019 19:31

Солзите ќе станат минато за малиот Иван – млад брачен пар од Скопје му пружи љубов на ова ангелче

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Деца со забавување во развојот кои се сместени во згрижувачки семејства ги загреваат срцата кај луѓето. Некои семејства им пружаат љубов и посветеност толку мајчински и се надеваат дека еден ден ќе им станат вистинско семејство. Засега пречка е постојната законска регулатива.

„Иван од домот во Битола го земавме во многу тешка состојба. Цели ноќи плачеше, врескање, непроспиени ноќи, не сакаше да легне, седеше на кревет, така заспиваше со прсти во уста, имаше голем страв, вели Ана Илоска во чиј дом е сместен тригодишниот Иван.

Непроспиените ноќи на семејството Илиоски од Скопје и нивната искрена родителска љубов и големи напори беа причина малиот Иван кој има заостанување во развојот да се почувствува сакано и долгите ноќни плачења да ги замени со детски прегратки кон овие луѓе. До својата втора година тој бил сместен во дом во Битола, а од пред една година откако станале негово згрижувачко семејство тие направиле се да ги замолчат плачењата во ноќите на Иван.

Ана вели дека овие деца имаат голема потреба од љубов и грижа и посветеност, но оти знаат да возратат многу повеќе.

„Кога го донесовме дома тој не го поминуваше прагот, не сакаше да влезе од просторија во просторија и со сопругата лазевме, правевме се и сешто за да дојде до нас за да го гушнеме. Не знаеше лажица да држи, не знаеше да се напие сок или вода, не знаеше да ни каже ништо, имаше голема траума“, се присетува Ана.

 

Извор: Слободна Европа 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Овој месец ќе биде идеален за Лавовите, кои може да се надеваат дека ќе заработат многу повеќе од претходно. Лавовите во наредниот период може да се радваат бидејќи ќе имаат среќа со парите.

ЌЕ ИМ СЕ ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ: Хороскопски знаци кои ќе се збогатат во декември

Месец декември е последниот од годината а според астрологијата одредени хороскопски...

Имено, Весна Змијанац и без шминка отишла на пазар, а потоа камерите на „Папрацо ловец“, а како нивниот тим вели, уловиле и неколку прекршовци.

ЗАМИНА НА ПАЗАР: Весна Змијанац уловена во ШОКАНТНО издание – но направи и грешка која е СТРОГО ЗАБРАНТА

Пејачката Весна Змијанац живее како и целиот нормален свет, а тоа докажува и најновите...

- Јас со години настапувам во Будва, така да мене тоа ми е како традиција, домаѓна атмосфера. Ќе бидам таму во свјот стан во Будва, рекла Цеца, апотоа открила кој ќе ја прегрнува и бакнува за добра ноќ.

КОЈ ВЕЛИ ДЕКА НЕ СУМ СКРАСЕНА? Цеца еднаш за секогаш го објасни својот емотивен статус! ШОК!

Пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ ќе пее за нова година во Белград, а реприза ќе им...