Свет
Србија
Рекордниот 8-ми трофеј на Новак Ѓоковиќ од Австралија опен пристигна во Белград. Братот Ѓорѓе, по 24-часовен лет и неколку застанувања, го донесе трофејот на Новак, во ресторанот на неговиот најстар брат.
Таткото Срѓан и мајката Дајана имаа чест да ја отворат спакуваната кутија со трофејот. Веселбата беше организирана во ресторанот на Новак, објави српски Телеграф.
Заедно со најблиските пријатели на Ѓоковиќ и музиката во живо, се славеше рекордната 8-та титула на Австралија опен.
Посебен емотивен момент се виде кога музиката ја свиреше песната „Пукни зоро“, која мајката на Новак, Дајана ја испеа со солзи во очите.
Таткото Срѓан беше најрадосен, разговараше со пријателите, добиваше честитки, додека неговата мајка „порачуваше“ музика што ја погодија срцето.
Новак Ѓоковиќ пред два дена повторно се искачи на врвот во Мелбурн и по осми пат во својата кариера (2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019) го освои Австралија Опен, првиот турнир од Грен слем серијата на светскиот тенис.
Ѓоковиќ стигна до рекордната осма шампионска титула во Мелбурн по голема борба и четири часа и три минути игра.
Победата на Австралија Опен утре ќе му донесе и враќање на првото место на АТП Фокс, каде ќе го престигне Шпанецот Рафаел Надал.
Со овој триумф, Србинот покажа дека е вистински „крал“ во Мелбурн каде има осум победи во осумте финалиња.
Тоа беше 26-то финале на најголемите турнири за српскиот тенисер, доаѓајќи до неговата 17-та грен слем титула во кариерата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Србија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.