Скопјанецот Александар Велески кој со години се бори со оваа болест конечно си го оствари сонот. На прошетка ќе може постојано да оди со својот придружник Бен.

Објавил: Валерија Петрова | 16 мај, 2019 13:49

Сонот му стана реалност – Александар со своето куче отсега може да шета каде ќе посака, мерките на ЈСП ги вратија насмевките

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Лицата со церебрална парализа имаат тешкотии при контролирањето на мсукулите и движења, затоа на ваквите лица им е потребна постојана помош.

Скопјанецот Александар Велески кој со години се бори со оваа болест конечно си го оствари сонот. На прошетка ќе може постојано да оди со својот придружник Бен.

Екипата на 1ТВ го сними моментот кога Александар за прв пат се возеше на жицарата каде верно го следеше и неговото куче.

Радоста му се гледаше во очите на Александар, тој откри дека кучето Бен му помага и емоционално , исто така додава дека кучињата можат да бидат од голема корист и за луѓето кои страдата од епилепсија, анксиозност и друг вид на хендикеп.

Одлуката за лицата со хендикеп дека ќе можат да се возат со куче придружник во градскиот јавен превоз е донесена пред неколку дена.

-ЈСП Скопје како општествено одговорно претпријатие одлучи да им излезе во пресрет на лицата со посебни потреби со куче придружник и да им дозволи непречено користење на нашите услуги, односно да дозволи влез на кучињата придружници во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата. Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности- соопштија од ЈСП.

Исто така од ЈСП апелираат до патниците да се воздржат од негативни коментари доколку видат лица со куче придружник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Граѓанските активисти уште од 2016 та година алармираа дека објектот е дивоградба и прекршува низа закони, но освен Јавното обвинителство кое поднесе кривични пријави за инвеститорот

НАДЛЕЖНИТЕ ГАЈЛЕ НЕМААТ: Завршува изградбата на џамијата во Охрид!

Додека институциите со години си ги префрлаат надлежностите и замижуваат пред проблемот,...

Синоќа беше почуствуван земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала  во околината на Пехчево и Берово.

Земјата се тресеше – земјотрес ја стресе Македонија

Синоќа беше почуствуван земјотрес со интензитет од три степени според Европската...