ДУИ симулира

Објавил: Калина Мартинска | 18 април, 2024 18:04

Сонот на Али Ахмети – симулираше апсолутна власт во Македонија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се случувало ако победат на парламентарните избори и ако Бујар Османи биде избран за претседател на државата.

Симулативната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети, а откако ги поздрави пратениците и присутните, најпрво избра двајца заменици Фатима Османовска и Бејџан Иљаз. Како прва точка на дневен ред ја предложи верификацијата на мандатите на пратениците, а за втора изборот на претседател на Собранието.

Зиадин Села на симулативната седница беше избран за претседател на Собранието, а на трета точка на дневниот ред, беа предложени уставните амандмани со кои бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египетскиот народ ќе станат дел од Уставот, преку измена на уставот со гласање на 120 пратеници.

Четврта точка на дневниот ред беше за време на симулацијата беше Свечената декларација на Бујар Османи, како претседател на државата.
Со симулација на конститутивната седница на идното Собрание, „Европскиот фронт“, коалицијата предводена од ДУИ ја стартуваше кампањата за претстојните парламентарни избори.

Симулацијата го претстави Зијадин Села за претседател на парламентот, инаугурација на Бујар Османи за новпретседател на државата и усвоени измени на Уставот за внесување на Бугарите.

Али Ахмети го потенцираше барањето за тоа како во иднина треба да се бира претседателот на Македонија.

„Едногласно ги поддржуваме уставните измени, исто така поддржуваме по пет години актуелниот претседател да покрене иницијатива за шефот на државата да биде избран во Собранието бидејќи тоа е директен одраз на застапеноста на граѓаните во највисокото законодавно тело, ние сме парламентарна република и мора да се практикува парламентарната демократија, за идниот претседател да биде избран од мнозинството пратеници и по принципот на Бадентер“, изјави Али Ахмети.

Слоганите со кои овој „Европски фронт“ ќе ја бара довербата од гласачите гласат „Еден премиер за сите“ „Не на Русија, да за Европа“.

„Јас не бев кандидат на една партија, туку бев кандидат на сите заедници кои сонуваа за држава на еднакви можности, и мојот избор за претседател е остварување на долгогодишниот сон за рушење на бариерите кои ги ограничуваа луѓето да сонуваат без граници во оваа земја, па затоа сакам да им се заблагодарам на сите за дадената доверба и поддршка.“, оцени Бујар Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика