Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -6, а дневната ќе достигне 7 степени.

Објавил: Весна Петровска | 24 јануари, 2020 9:24

СОНЧЕВО И СТУДЕНО ВРЕМЕ: Еве каде ќе вее снег!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -10 до 0, а дневната од 7 до 12 степени.

Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -6, а дневната ќе достигне 7 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно. Во недела од средината на денот преку ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Од недела утринските температури ќе се покачат.

Утрово најстудено е во Берово, -11 степени, а максимални нула се измерени во Дојран.

Според УХМР, -9 е во Скопје Петровец и Крива Паланка, -8 во Демир Капија, Маврови Анови и Куманово, -7 во Штип, Тетово, Битола, Струмица и Скопје Зајчев Рид, -6 во Прилеп, Дебар и Лазарополе, -4 Охрид, Крушево и Гевгелија, а -3 е во Претор.

Висината на снежната покривка е 11 сантиметри во Маврови Анови и четири на Попова Шапка.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време