Временска прогноза

Објавил: Перо Милчин | 28 септември, 2023 6:05

Сончево и умерено облачно, температури до 29 степени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 17 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 18 до 29 степена!

Сончево и умерено облачно – вакво време, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нè очекува денеска во земјава. Попладне, во јужните делови ќе има позначителна облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 17 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 18 до 29 степена.

Времето во Скопје ќе биде сончево и умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите во главниот град денеска ќе се движат од 14 до 28 степена.

Слично време УХМР прогнозира и за наредните неколку дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.