Дваесет годишно момче го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случилна регионален пат Куманово кон село Липково во село Опае

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 11:04

Сообраќајка во кумановско во која загина младо момче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дваесет годишно момче го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случил вчера вечерта околу 21:20 часот на регионален пат Куманово кон село Липково во село Опае.

Од МВР информираат дека М.А. [ 20 ] од село Отља општина Липково управувајќи патничко возило “Форд Фокус” со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото излетал од патот и удрил во бетонски столб.

“Со повреди се здобиле возачот М.А. и сопатникот А.Е. кои биле пренесени во Општа болница Куманово. По укажаната помош поради сериозноста на повредите двајцата биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Во 00.00 часот на 16.08.2018 возачот М.А. починал а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.” – информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести