Серадосно подготвувајќи се за еден од најголемите празници Рождеството на Пресвета Богородица, со особена радост сетринството на нашата обител ве поканува молитвено да го прославиме денот на почетокот на нашето спасение.

Објавил: Стојче Бушин | 20 септември, 2020 20:25

Соопштение по повод манастирската слава: Започнаа богослужбите по повод празникот Мала Богородица!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Соопштение по повод манастирската слава!

Преку безживотната утроба, се раѓа Мајката на животот, плачот на прамајката во радост се претворува, бидејќи чудата Божји го надминуваат секој ум па и небесниот.
Затоа нека се радува сега секоја твар воспевајќи ја Богородителката да торжествува сега целата вселена велелгасно воскликнувајќи “Радувај се Благодатна преку тебе ни се јави Бог, кој има милост голема“

Серадосно подготвувајќи се за еден од најголемите празници Рождеството на Пресвета Богородица, со особена радост сетринството на нашата обител ве поканува молитвено да го прославиме денот на почетокот на нашето спасение.

Во навечерието на Рождеството Богородично(недела) службата ќе започне во 19:00 часот.

Следниот ден утринската богослужбата ќе започне од 07:30 часот, а Светата Архиерејска литургија ќе започне во 09:00 часот на која ќе чиноначалствува нашиот архипастир Митрополитот г-дин Тимотеј во сослужение со нашиот старец Епископот Антаниски г-дин Партениј и клир од Дебарско-Кичевската епархија.

Поради пандемијата со коронавирус (Covid 19) оваа година јавнато служење на манастирска храна (трпеза) е откажано.

Ги замолуваме сите поклоници и посетители совесно да се придржуваат до сите пропишани мерки за здравствена заштита и превенција од вирусот COVID-19, односно, задолжително да носат заштитна маска, да користат средство за дезинфекција и да го запазуваат потребното социјално растојание, стои во соопштението!

Богородица со својата силна молитва да го спаси светот од ова невидливо искушение, а нам да ни ја утврди верата во нејзината света рожба – Христос нашиот Спасител.
Амин!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа Зум (ZOOM), заради заштита на здравјето на граѓаните, делегатите, медиумските работници и со целосно почитување на мерките и препораките за зашитита од Ковид 19.

СДСМ денеска ќе одржи дигитален Конгрес

СДСМ денеска со почеток во 13:00 часот ќе го одржи 25. Конгрес преку платформата...

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Поместете ги стрелките на часовниците: ОД ОВАА НОЌ ПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Од оваа ноќ започнува зимското сметање на времето, со поместување на стрелките на часовниците...

Тие се бореа за слобода, еднаквост, за вистински независна и признаена држава од светот. Идеали кои со членството во НАТО и Европската Унија се постигнати на ниво кое било незамисливо порано.

Николовски со честитка за 23-ти октомври: Македонските револуционери се гордост и пример за нас!

Македонските револуционери се гордост и пример за нас, она што сме денес во голема...