Сопругата на Зоран Милески обвинетиот во случајот Рекет преку Тв Сител упати молба до сите да престанат со коментари и невистини за својот сопруг бидејќи овие неколку дена нивниот живот им се претворил во пекол. Таа моли да имаат сите разбирање бидејќи сепак Зоран Милевски е татко на пет малолетни деца. Мелина верува дека со оваа искрена молба ќе добре до сите, бидејќи како што вели таа сепак ова може на секого да му се случи.
Зоран Милески-Кичеец неодамна влезе во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга да ја издржи правосилната затворска казна од три години на која е осуден во случајот „Рекет“.
Од Управата за извршување санкции за „360 степени“ потврдија дека во моментов се врши прием на осудениот во приемното одделение.
Појавувањето на Кичеец во струшкиот КПД следува откако пред десетина дена тој доби упатен акт од Основниот суд во Охрид. Оваа струшка институција, како што е наведено во Законот за извршување санкции, е казнено-поправен дом од отворен вид.
На осудениот му останаа за издржување помалку од три години, бидејќи околу 8 месеци беше во притвор (прво во затворот „Скопје“, а потоа во домашен), период кој влегува во пресметувањето на казната.
Слушнете ја целата изјава на Мелина Милевскa:
Изјава од 2019 година:
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.