
Македонија
Вести
Утрово на Инфективната клиника во Скопје почина Драган Вучиќ, познатиот музичар и водител. Вучиќ бил позитивен на вирусот Ковид-19.
На Инфективната клиника, Вучиќ кој беше дијабетичар бил цела недела, со висока температура и со покачен шеќер.

Од блиски на семејстото Вучиќ порталот дознава дека позитивна на вирусот е и е неговата сопруга Весна, која за сега нема никакви симптоми.
Изминатиов викенд, женски магазин контактираше со неговиот син Мартин, кој потврди дека татко му е во болница, но не даде дозвола за објавување.
Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје. Автор е на многу хитови меѓу кои „Свирете ја зајди зајди“ на Олгица Христовска. Беше автор на талент-шоу проектите „Вашите 5 минути“, и „Мак ѕвезди“ и на многу квизови.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.